ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Скандалите се моќна алатка – визијата е закон!

March 17, 2021 09:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Во ретките паузи меѓу тековните македонски „жешки“ афери (Рашковски – замислете! – во Мексико; Камчев – замислете! – во притвор; вакцините – замислете! – во Хонг-Конг…), читам вчера во софиски „Капитал“ дека 12-те членови на бугарскиот Уставен суд едногласно решиле да го отфрлат барањето на бугарските опозициски социјалисти за поништување на одлуката на Бугарското собрание со која, во услови на епидемијата со ковид-19, со гласањето на мнозинството беше овозможено собраниската работа да се одвива онлајн. И во Бугарија, како и во Македонија, иако тамошната власт има поубедливо мнозинство во Собранието од тукашната, со месеци има проблеми – како последица на отсуството на пратениците кои се во изолација заради вирусната зараза – да обезбеди кворум за нормална работа на бугарскиот Дом на демократијата.

Занимливо, уставните судии процениле дека иако во бугарската Конституција се бара „физичко присуство“ на пратениците за време на носењето одлуки во Собранието, во духот на модерните технологии на 21 век „физичкото присуство“ може да се толкува како обезбедено дури и ако пратениците тоа го прават со директно учество преку интернет во работата на Собранието. Односно, дека значењето на „физичкото присуство“ во 19 или 20 век не е исто со можноста тоа денеска да се обезбеди преку виртуелните системи за комуникација, под услов да се обезбеди визуелна идентификација на пратениците за учество и, особено, при гласање на онлајн седниците на Собранието. Како што тоа, впрочем, целата мината година се прави во бизнисот или во образованието, а никој не ги спори деловните договори или стекнатите дипломи на тој начин.

Ете, така, полека но сигурно, Македонија останува една од ретките земји во Европа (а веројатно и во светот) во која ретроградните политички формации во редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат општествената стварност, бидејќи продолжуваат да ја гледаат со очилата на некои изминати векови – не само во идеолошка (за што секојдневно си се расправаме), туку и во технолошка смисла. Заради таквата „дигитална примитивност“, во услови на пандемија, овој состав на Собранието не е во состојба да си ја врши својата клучна демократска работа – да предлага, да расправа и да усвојува закони неопходни за, колку-толку, нормално функционирање на општеството.

Во услови на таква блокада, тешко е сега да се процени која разрешница побргу ќе се оствари за расплеткување на македонскиот внатрешно-политички јазол: вонредни парламентарни избори (коишто актуелното опозициско раководство е уверено дека би ги добило); внатрепартиски распад во ВМРО, како резултат на тековната „граѓанска војна“ во партијата; или идејата за „обединувачка влада (минус Мицкоски)“ што ја турка Заев…

Тие динамики, во моментов, делуваат како да се во „мртва трка“, но расплетот ќе зависи и од ставот на оние кои – со предноста на „птичјата перспектива“ – ѝ мислат добро на Македонија за тоа што, на побрз рок, а со подолго дејство, би ги намалило општествените и политичките тензии во земјата.

Бидејќи, скандалите во политиката се моќна алатка во борбата за власт; но, визијата е закон!

А, некако ми се чини дека во сегашната опозиција, потполно преокупирана со лиферувањето дневно-политички скандали, има докажани експерти кои никогаш, ништо, од оваа „уметност на долгиот поглед“ не разбирале.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кошта од Тирана: Албанија би можела да биде во европското семејство дури и пред 2030 година

May 15, 2025
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Српски функционер призна дека фалсификувал документ за плац што го сака зетот на Трамп

May 15, 2025

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk