ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средното уметничко училиште целосно со онлајн-настава поради заразени наставници и ученици

March 17, 2021 15:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје од понеделникот е затворено за практична настава за учениците превентивно за да се спречи натамошно ширење на заразата со КОВИД-19 зашто шест наставници и пет ученици се инфицирани и имаат решенија за изолација, а уште 20 ученици се во самоизолација поради контакт со заразените, потврди за МИА директорот на училиштето Филип Фидановски. Според неговата одлука, наставата за учениците во целост ќе биде онлајн до 2 април, а не исклучува можност да трае и понатаму до завршување на овој нов бран на вирусот.

Професори од училиштето со допис до медиумите реагираа дека директорот со „самоволна, неоправдана и притивзаконска“ одлука го затворил за настава училиштето ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ кое, како и средното музичко училиште, има дозвола за настава со физичко присуство за практичниот дел.

Фидановски ги отфрли нивните обвинувања и изјави дека мерката е превентивна зашто се заразени шест наставници и пет  ученици, како и 20 други во самоизолација, и дека не се работи за затворање на училиштето туку наставата ќе продолжи онлајн за учениците, а наставниците кои не се заразени ќе предаваат од работното место.

– Одлуката е донесена превентивно  и само за да нема понатамошно ширење на вирусот од деца на професори. Училиштето си работи, професорите кои не се во изолација доаѓаат на работа, држат часови од училиште. Одлуката е само за учениците да не доаѓаат за да нема ширење со оглед на ситуацијата во целата држава. Имаме присуство на деца кои го пренесуваат вирусот и тоа може да придонесе за ширење во овој бран. Што ако се разболат сите професори, тогаш кој ќе предава?, изјави Фидановски за МИА.

Одлуката е донесена, рече, согласно со член 92 од Законот за средно образование, според која директорот е тој којшто ја организира наставата во училиштето, додавајќи дека проценил оти е подобро да преминат во целост онлајн отколку да се разболат сите во училиштето, а се консултирал и со епидемиолог.

Во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ општообразовната настава се организираше онлајн, а за практичната учениците секој ден одеа во училиште според распоред на часови. Училиштето има околу 290 ученици и 37 професори.

Next Post

Конференција на ЕВРОТИНК: Важно е спроведување реален парламентарен надзор над работата на безбедносните служби

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk