Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ во 24 Анализа рече дека ќе се вакцинира со вакцината на „Астра Зенека“ и потенцираше дека мора да се има доверба во нашиот здравствен систем.
„Сè потешко ќе ни биде, и секоја идна ситуација така ќе ни биде ако не веруваме во здравствениот систем, и сметам дека многу професионално се носиме со ситуацијата.“ – рече Стевановиќ.
Стевановиќ вели дека клиничкото манфестирање на болеста потврдено со лабораторски анализи не е така црно и бело и проценките имаат повеќе параметри да се процени дали треба или не да се вклучи антибиотик во терапијата.





