Од почетокот на пандемијата, регистрирани се најмалку 37.2221.978 инфекции и 1.000.062 смртни случаи во европскиот регион.
Во регионот, кој вклучува 51 земја, регистрирани се околу 35,5 проценти од сите смртни случаи од коронавирус и 30,5 проценти од сите случаи ширум светот.
Регионот ги вклучува Русија, Велика Британија, 27 членки на Европската унија и други земји.
Бројот на инфекции во Европа почна да расте, а Франција неодамна го забележа најголемиот еднодневен скок на случаи од ноември досега.
Европа во моментов известува за еден милион нови случаи приближно на секои шест дена. /МИА/