ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Цехот зад пратеникот Цех

March 19, 2021 08:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ

Ја читам вчера вечерта доцната објава на онлајн изданијата на германските „Шпигл“ и „Фокус“ за ургентната оставка на пратеникот на ЦСУ во германскиот Бундестаг, Тобијас Цех, заради „петцифрените хонорари за консултации“ (во евра, разбира се) што ги добивал преку неговата компанија за лобирање за потребите на ВМРО-ДПМНЕ „на корумпираниот политичар Никола Груевски“ во 2016 година. Ако не ме лаже памтењето, типчево им се шеташе по изборните бини на ВМРО (заедно со австрискиот премиер Курц, така?), а Груевски се сликаше со него и во Ла Валета, на Малта, како го брифира Цех за „изборната измама на СДСМ“ со „Тиранската платформа“… И други бајки од тогашната бест-селер сликовница „Жолто комбе“ на Груевски.

Ах, сеќавања, мемории, будат емоции на едно минато, возбудливо време, во кое сите можности беа во игра, а иднината на сите ни висеше на конец… Само што германските даночни служби веројатно имаат поинаков, помалку сентиментален поглед кон минатото, за што треба да се претпостави дека ќе има дополнителни објави во тамошните кривично-правни билтени.

Којзнае колкав бил македонскиот цех на германскиот пратеник Цех… Тие пари од некој „џеб“ овдека се одлевале, а и не само за Цех (памтите: тие години американските даночни служби објавуваа податоци за големи суми плаќани од ВМРО за партиско лобирање околу Белата куќа, само што погрешно се обложија на Хилари, а не на Доналд), а-пропо тековните процеси на СЈО за милионските перења партиски пари и исчезнати донации од партиската каса на денешната опозиција.

(Патем, јас, смотан, пропуштив нешто или навистина немаше никаква хистерична прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по повод притворањето на г. Камчев?! Ш’о така само со штуро партиско соопштение го пуштија човекот низ вода?)

Само, не се овие информации за причините на оставката на Цех толку важни и релевантни, бидејќи ги објавуваат медиуми како овие ниско-тиражни и слабо-влијателни германски „Шпигл“ и „Фокус“… Е-хееее, ова синоќа да го објавеше италијанската „Ла Верита“, уште утринава глави ќе се тркалаа по нашиве социјални мрежи, Русковска ќе мораше специјално соопштение за отворање предистрага до пладне да објави, а фулот портпароли на ВМРО-ДПМНЕ попладнево ќе беа примени за инфузија во „Систина“ заради физичка исцрпеност и дехидрираност од цел ден плукање по власта. Вака, голема работа, објавиле нешто таму некакви „Шпигл“ и „Фокус“ во малата и неважна Германија…

Зборот ми е, немаме ние, всушност, поим колку пари се потрошени за да останат на власт, а потоа колку пари се изнесени и пред, а особено кога почнаа да сфаќаат дека власта на друг му се насмевнува. Бегот во Будимпешта толку многу пари исцица, што може виртуелна држава да си направи за да си игра политика, како што си ги игра сега сите овие во опозицијава. Којзнае што ќе читаме во унгарските медиуми кога, еден ден, ќе падне Орбан од власт – петцифрените хонорари на германскиов пратеник заради коишто, сирот, си поднел оставка ќе ни изгледаат како ситен бакшиш за грицкање семки во споредба со милионските трансакции со кои Груевски си ја купи слободата во Унгарија. Ама, па, и Орбан има рок на траење…

А, во меѓувреме, ајде да видиме на која судска клупа е седнат Миле денеска и што забавно ќе ни соопштат Антонио и Христијан за актуелната состојба со криминалот во државава…


Сите права се задржани.  Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Лорис по поразот на Тотенхем од Динамо: Ќе кажам само срамота!

НАЈНОВО

Протест пред зградата на црногорската Влада, демонстрантите извикуваа „Турци надвор“

October 29, 2025

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово

October 29, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 29 октомври

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk