ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Централната лабораторија на МЖСПП и официјално го доби сертификатот за систем за квалитет според стандардот ISO 17025

March 19, 2021 13:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Одделението за лабораторија и теренски мерења (Центарaлна лабораторија) на Министерството за животна средина и просторно планирање официјално го доби сертификатот за системот за квалитет според стандардот ISO 17025 за акредитирана лабораторија, при што сертифицираше седум методи за тестирање, од кои шест се за квалитет на вода и една за бучава.

По тој повод министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурeдини ја посети Центаралната лабораторија, при што, честитајќи им го успехот на вработените укажа на потребата од доследно почитување и примена на стандардот. При тоа, како што информираат од Министерството, со раководителот Африм Љатифи разговараа и за идните развојни планови на лабораторијата.

Како што информираше министерот Нуредини, со воведувањето на системот за квалитет според стандардот за акредитирана лабораторија и сертифицирање на седум методи од страна на Институтот за акредитација, лабораторијата доби признание за својата работа и сега останува да се прошири бројот на методи кои ќе бидат акредитирани во секоја наредна година.  Во наредните фази е планирана и акредитација на методи за квалитет на воздух, а во Буџетот за 2021г. се обезбедени средства за набавка на инструмент за мерење на емисии од стационарни извори, за што во најскоро време ќе се поведе постапката за набавка.

Министерот Нуредини, како што е наведено во соопштението, информираше дека е во тек проектната активност за набавка на инструмент кој користи нуклеарни технологии за анализа на составот на PM честичките (X-RayF).  Инструментот е во вредност од 61.700,00 евра и е испорачан од депото на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) од Виена, и се очекува да пристигне наредниот месец.

Овој инструмент, како што стои во соопштението од Министерството, ќе се користи за анализа на концентрации на тешки метали во фракциите на PM10 честичките, што овозможува утврдување на главните сектори на загадување (индустрија, транспорт, домаќинства итн.). Овие анализи ќе овозможат да се направи приоретизација на мерките за намалување на аерозагадувањето.

Дополнително, во рамки на Регионалниот проект на IAEA – RER7011, Централната лабораторија за животна средина на МЖСПП доби уште еден инструмент Multi-wavelength Absorption Black-Carbon Instrument (MABI), во вредност од 4.700,00 Евра, кој ќе се користи за анализа на Black carbon во фракции на PM10. 

извор: МИА

Next Post

Филипче: Помалку случаи со КОВИД-19, засега не се потребни дополнителни рестрикции

НАЈНОВО

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025
Скриншот

Хегсет до шверцерите на дрога: Ќе ве ловиме и ќе ве убиваме

October 24, 2025

Прилепскиот основен суд ги отфрли жалбите и го потврди притворот за 6 лица за случајот со болницата

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk