Директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести, Милена Стевановиќ, вели дека кај нас досега нема регистрирани случаи на посериозни реакции по примање на вакцината против Ковид-19. Во нејзиното вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, Стевановиќ вели дека има пријавено само поблаги алергиски реакции.
„Тоа се само ситни алергиски реакции, но ништо сериозно. Досега, од она што сум јас информирана немаме никаков значаен несакан ефект од процесот на вакцинација кај ниту еден од вакцинираните“, вели др. Стевановиќ.