На 38-годишната Лиде Лиде (Лидија Гиновска) која стана вистински хит поради коментарите на социјалните мрежи упатени до министерот за здравство Венко Филипче, конечно ѝ се исполни желбата. Таа објави заедничка фотографија со Филипче на која пишува КОНЕЧНО ГО СРЕТНАВ!
Таа на почетокот на пандемијата неколкупати го покани на кафе и бараше лична средба.
Во јуни минатата година водителот на дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 го праша Филипче дали ќе се сретне со Лиде Лиде.
Филипче рече дека ќе пие кафе со познатата Лиде кога ќе заврши пандемијата.