Милчин во “Само интервју” вели дека Заев бил ист како Груевски. Вели дека некои околу Заев направиле кариери, а тај неко нисам “ја Милчин”(?); уште вели дека се’ било хаос и немало Европски вредности. Тоа го вели Милчин, а ја го гледам и му се чудам. Вакво лешинарење е незапаметено. Оние што имаат вакви интелектуалци, ниту короната не им паѓа тешко, пишива аналитичарот Ненад Јовановиќ на својот Фејсбук профил.
„Да го потсетиме Милчин-a.
Заев има 50/50 застапенoст на жени во политиката (родов, женски сензибилитет е застапен);
Заев ги пикна во затвор тие кои ја урнаа државата и граѓаните во времето на Груевски (правна држава функционира);
Заев е првиот претседател што ќе се бори во непосредно гласање во партијата со “За Заев” и “Против Заев” (Груевски покрај живи, и “задолжително мртви” го гласаа);
Заев е првиот премиер што го реши спорот со Грција, а наскоро ќе го реши и спорот со Бугарија (Груевски на споровите со комшиите испумпа милијарди евра наши пари);
Заев е првиот човек што зајакна плати на најсиромашни граѓани, и се’ уште ги јакне и оснажува
(Груевски сиромашните ги толчеше, а ги јакнеше олигарсите и тајкунчините);
Заев е првиот лидер на партија што се залага за различен став, менување на менталитетот и работа на Европските вредности со програмата “Европа дома” (Груевски ни велеше “еден лидер, една партија, една држава и една нација”);
Заев е првиот премиер што искрено се залага за попис, реален, со јасни методологии на Евростат, пописна канцаларија на Европа и Државниот завод за статистика (Груевски од пописот милиони си подели, а 50 луѓе не попиша);
Заев е првиот премиер што искрено се залага за политика на мир и пријателство со сите (Груевски пепел стори внатре во државата, пепел стори надвор од државата);
Милчин овие работи ги знае, од кои причини “рибари по душата на Заев” јас знам, ама тоа што го знам, не е важно за никого.
Единствено важно е што Заев диктира темпо, води добра и правична политика.
И тоа е најважно не за Милчина (нему лично му било “широко околу вратот” отсекогаш), туку е важно за граѓаните“, пишува Јовановиќ.