ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Северна Македонија, Србија и Црна Гора потпишаа Договор за размена на податоци за имот на јавните функционери

March 19, 2021 16:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српската министерка за правда Маја Поповиќ, црногорската министерка за правда за човекови и малцински права Владимир Лепосавиќ и претседателката на Комисијата за спречување на корупција на Северна Македонија Билјана Ивановска потпишаа денеска во Белград Меѓународен договор за размена на податоци за имотот на јавните функционери, подготвен во рамките на Регионалната иницијатива за борба против корупција.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, ова е прв пат ваков договор во регионот. По ратификувањето на овој договор во државите потписнички, надлежните органи на една држава, на барање на друга држава, ќе достават податоци за можен имот или деловно работење на јавни функционери во таа земја, кои се осомничени за сторено кривично дело или каков било вид на корупција.

Претставникот на Северна Македонија, претседателката на Комисијата за спречување на корупција, Билјана Ивановска, изјави дека со потпишувањето на овој меѓународен договор се отвора нова можност за проверка на податоците за имотот и интересите на службените лица надвор од нивната матична земја, и дека тоа е првиот чекор кон откривање на незаконски стекнат имот кој се пренесува или се купува во странство. Во пракса, на пример, македонската комисија за борба против корупција, која врши преглед на јавен службеник, ќе може да бара информации директно од колегите во Србија и Црна Гора за имотот на тој јавен службеник – без разлика дали тој поседува работа, бизнис, имот, а потоа надлежната агенција во Србија или Црна Гора ќе ги достави овие информации до комисијата во Северна Македонија.

– Борбата против корупцијата и организираниот криминал е еден од приоритетите во работата на Владата на Република Србија, изјави по овој повод министерката Поповиќ.

Србија е целосно посветена на процесот на европска интеграција и свесна е за неопходноста од суштински и темелни реформски процеси во областа на правдата и основните права, како и во областа на борбата против корупцијата, нагласи Поповиќ, се наведува во соопштението на српското Министерство за правда.

Црногорскиот министер за правда, човекови и малцински права Владимир Лепосавиќ, изјави дека Меѓународниот договор за размена на податоци со цел проверка на изјавите за имот, има за цел да придонесе за спречување на корупцијата преку директна административна размена на податоци во врска со пријавениот имот меѓу страните потписници .

– Факт е дека не е невообичаено луѓето да пренесуваат имот во друга земја со цел да го заобиколат законот, затоа е од особено значење да се развијат механизми за подобрување на размената на информации што може да упатуваат на такви незаконски активности, изјави Лепосавиќ.

Владан Јоксимовиќ, директор на секретаријатот на Регионалната иницијатива за борба против корупција, кој го подготви потпишаниот договор, смета дека денешната церемонија претставува почеток на нова и директна форма на меѓудржавна соработка меѓу земјите потписнички за да се обезбеди транспарентност и зајакнување на интегритетот на јавните службеници .

-Со потпишувањето на овој договор, делегациите на Црна Гора, Република Северна Македонија и Република Србија уште еднаш ја покажаа суштинската посветеност на нивните земји во борбата против корупцијата и зајакнувањето на соработката во регионот, изјави Јоксимовиќ.

Склучувањето на Меѓународниот договор за размена на податоци со цел проверка на изјавите за имот ќе ја подобри соработката во размената на податоците за време на проверка на имотната состојба на јавните службеници и сродните лица, се наведува во соопштението. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk