ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска-Џовани: Продолжува успешната соработка со УНИЦЕФ , усогласен и потпишан Планот за соработка 2021 година

March 19, 2021 12:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика,Јагода Шахпска и претставничката на УНИЦЕФ во нашата држава, Патриција ди Џовани, денеска ја потпишаа Програмата за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ за 2021 година, која е дел од Програмата за соработка на УНИЦЕФ со Северна Македонија 2021- 2025 година, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерката Шахпаска изрази голема благодарнот за долгогодишната поддршка од страна на УНИЦЕФ во планирањето и имплементацијата на политики од јавен интерес насочени кон градење на инклузивно општество и социјална кохезија.

„Министерството за труд и социјална политика како ресорно министерство во чија надлежност е грижата  за најранливата категорија на граѓани и обезбедување на можности и подобри услови за сите оние кои тоа им е неопходно, оттука и  огромното значење на поддршката која УНИЦЕФ  преку бројни програми и проекти во соработка со нашите институции ја овозможува,“ истакна министерката Шахпаска.

На денешната средба се разговараше и за системот на згрижувањето и отворањето на Центри за поддршка на згрижувачките семејства во Скопје  и Битола, за прв пат во нашата земја, при што од страна на УНИЦЕФ се обезбедува обука за стручни лица,кои ќе работата во нив .

Унапредувањето на  системот  за посвојување кој би бил заснован на принцип на најдобар интерес на детето, проширувањето на социјланите услуги во Дневните центри за лица со попреченост исто така беа теми на кои се разговараше на денешната средба.

Министерката истакна дека изминаите 6 месеци, министерството посветено работи и на зголемување на опфатот на деца во градинките, преку отворање на нови и проширување на постоечките  капацитети,  при што се внимава да бидат опфатени руралните средини, помалите места и онаму каде потребите се зголемени.

Од страна на претставничката на УНИЦЕФ , Патриција ди Џовани беше изразена подготвеност за продолжување на одличната досегашна соработка и идни проекти на кои заеднички со Министерството ќе работат   а се во интерес на сите граѓани во нашаето општество.

Next Post

Тројца од обвинетите ја признаа вината за насилните протести за пресудата за предметот „Монструм“

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk