ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Велес одбележан Светскиот ден на поезијата – 21 март

March 19, 2021 16:07
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, во просториите на медиотеката, денеска со поетско читање го одбележаа претстојниот  Светски ден на поезијата – 21 март, свој настап имаа осум велешки поети.

Гордана Васковска, в.д директор на библиотеката, во своето воведно излагање потенцира дека Денот на поезијата е празник кој не е важен само за поетите, туку и за читателите, бидејќи овие креации живеат во душата на секоја личност.

– Поезијата е одраз на слободата, моќта на говорот и составен дел од културата на секоја нација. Затоа, секоја држава, нација и култура, треба да стори сè за да ја поттикне поезијата и да нè потсети да не заборавиме дека поезијата е нашата заедничка културна животна сила. Поезијата е боја која помага да се наслика нашиот живот со живописни бои. Светскиот ден на поезијата е покана да се размислува за моќта на јазикот и развојот на креативните способности на секој човек. Една од целите да се подржи јазичната разновидност и да им се даде подршката на малите издавачи. Честитки за сите поети од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, со желба за поголеми успеси и нивна афирмација, порача Васковска

На настанот, свои стихови читаа велешките поети: Лили Арсова, Светлана Далевска, Нада Алексова, Соња Гаврилова, Марина Стојанова, Божидар Јовиќ, Родна Јанчева и Вероника Саздова, кои испратија порака во чест на Светскиот ден на поезијата.

Секоја година 21 март е резервиран за одбележување на три големи настани. Денот на пролетта, денот на екологијата и Светскиот ден на поезијата.

Со цел да се сврти вниманието на јавноста кон поезијата, како уметност целосно отворена за луѓето, на 30-тата седница на УНЕСКО, во 1999-та година во Париз, било одлучено Светскиот ден на поезијата да се слави на 21 март секоја година. Македонија се  приклучи во славење на поезијата со книжевни собири од кои авторите испраќаат пораки.

извор: МИА

Next Post

САД им даваат вакцини на Мексико под услов да ја запре нелегалната имиграција од Јужна Америка

НАЈНОВО

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk