Во случај актуелните мерки да не дадат резултати, подготвени сме да воведеме и дополнителни рестрикции, рече министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на Општата болница во Кочани. Дали воведениот полициски час ( од 22 до 5 часот) ќе го намали бројот на новозаразени, здравствените власти очекуваат да видат на почетокот на следната недела.
„Очекувањата се дека после воведување на една мерка резултатите ќе бидат видливи после 7-10 дена што значи дека на почетокот на следната недела очекуваме резултати од воведениот полициски час чија цел беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите кои интензивно комуницираа во паркови, јавни површини, па дури и домови, после затворањето на угостителските објект.
Беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот, тоа го гледаме и од возрасните групи на новодијагностицирани пациенти. Ние сме спремни да воведеме и дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не дадат посакувани резултати“, рече Филипче.




