ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Се соочуваме со силен бран, модуларните болници се од голема помош

March 20, 2021 15:13
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство  Венко Филипче денеска беше во посета на модуларната болница во Кочани. Здравствениот систем се соочува со силен бран од ковид пандемијата, а секојдневно се прави реорганизација на болничките капацитети како би се одговорило на потребите на граѓаните. Министерот за здравство посочи дека отворањето на модуларните болници се од голема важност бидејќи го зголемуваат капацитетот на инфективните одделенија во цела држава што е од клучна важност во овој период.

-Се соочуваме со навистина силен бран, секој ден има навистина голем број на новодијагностицирани случаи и сето тоа бара една организација и прераспределба на пациентите коишто се јавуваат во болниците по регионите и секако пациентите на коишто им е потребен хоспитален третман во скопските јавно-здравствени установи. Денеска сме тука во Кочани, ова е дел од 17 те модуларни болници – проект којшто го правевме на територијата на цела држава и еве сега кога се соочуваме со ваков силен бран сме дефинитивно свесни што ова значи. Со овие болници се зајакнува капацитетот во болниците, на бројот на болнички кревети. Над 30 дополнителни кревети многу значи за болницата во Кочани заради тоа што таа услужува огромен број на пациенти во државата, тука доаѓаат пациентите од Берово, од Виница, од Пехчево, од Пробиштип, од Каменица итн. Пациентите традиционално бараат лекарска услуга и во други специјалности заради тоа што болницата е позната по својата експертиза, а сега со начинот на прераспределба на работата голем дел од капацитетите се посветени на третман на пациенти со Ковид 19 – рече министерот Филипче.

Министерот истакна дека независно од изградбата на модуларната болница, имзминатиов период во ОБ Кочани се инвестирало многу што е од клучна важност за граѓаните од овој регион.

Во болницата инвестиравме во изминатиот период независно од овој дел, има нов апарат за анестезија, понатаму се доби и стигна донација којашто треба да се реализира од Јапонската амбасада за ехо апарат и секако модуларната болница ќе биде опремена со дополнителен ехо апарат со сите сонди и подвижен дигитален рентген апарат за да служи на потребите не само за ковид пациентите туку и за другите специјалности – рече Филипче.

Next Post

Заев и Нуредини: Процесот за прогласување на Водно за заштитено подрачје сѐ уште отворен за сугестии и предлози за најдобро решение

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk