Силен земјотрес со интензитет од 7,2 степени по Рихтеровата скала го погоди североистокот на Јапонија. Издадено е предупредување за цунами.
Земјотресот се случи нешто по 18.10 часот по локално време (10.10 часот по средноевропско време).
VIDEO: Street cameras capture magnitude 7.0 earthquake in #Japan
pic.twitter.com/Z0PEowg1XS— Ethan Biando (@ethanb822) March 20, 2021
Епицентарот на земјотресот бил на 27 километри источно од Ишиномаки на длабочина од 60 километри. Тоа е крај брегот на префектурата Мијаги, на североисток, која беше сериозно оштетена во големиот земјотрес и цунамито од 2011 година.
Според јапонската Агенција за метеорологија, земјотресот предизвикал бранови високи околу еден метар.
Досега не е пријавена штета во префектурата Мијаги, а електричните компании ја проценуваат состојбата на нуклеарните централи во таа област, пренесуваат јапонските медиуми.





