– Во семејниот дом на улица „Њуделхиска“, на 18 март, осомничениот при вршење семејно насилство телесно ги повредил неговите родители. Манифестирајќи агресивно однесување затоа што не добил парични средства за роденден, тој започнал со клоци да удира на вратата од собата на неговите родители и насилно влегол внатре. Најпрвин го нападнал неговиот татко, удирајќи го со тупаници по главата и кубејќи му еден прамен од косата. Потоа со употреба на физичка сила ја нападнал и сопствената мајка, која пристапила во одбрана на сопругот, удирајќи ја со клоци во главата и во левиот колк. Од ударите двајцата родители се здобиле со телесни повреди, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.
Во конкретниот случај, наведуваат од ОЈО, постои опасност од криење и бегство, како и можност осомничениот да го повтори делото, па надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.