ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Создаваме услови за уште поголеми спортски успеси на кои сите ќе се радуваме

March 20, 2021 20:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев на неговиот фб профил потсети дека на денешен ден во 1992 година е основан Македонскиот олимписки комитет како 195ти член на Меѓународниот олимписки комитет.

-Само шест месеци по прогласувањето на независноста на нашата држава, на денешен ден 20 март 1992 година, е основан Македонскиот олимписки комитет (МОК), како 195ти член на Меѓународниот олимписки комитет. Во историјата на спортскиот олимпизам остануваат запишани имињата на македонските спортисти кои освоиле медали на олимписките игри: Златни медали за Благоја Видиниќ – Рим 1960 (фудбал, голман) и Шабан Трстена – Лос Анџелес 1984 (борење); сребрени Медали за Благоја Видиниќ – Мелбурн 1956 (фудбал, голман), Благоја Георгиевски – Монтреал 1976 (кошарка), Реџеп Реџеповски – Лос Анџелес 1984 (бокс), Шабан Трстена – Сеул 1988 (борење), Стојна Вангеловска – Сеул 1988 (кошарка), и бронзени Медали за Аце Русевски – Монтреал 1976 (бокс), Шабан Сеиди – Москва 1980 (борење), Шабан Сеиди – Лос Анџелес 1984 (борење), Милко Ѓуровски – Лос Анџелес 1984 (фудбал) и Могамед Ибрагимов – Сиднеј 2000 (борење), стои на фб статусот на Заев.

Овие врвни спортски имиња, додава премиерот, засекогаш ќе бидат инспирација за сите идни генерации кои во името на олимписките спортски вредности учествуваат и ќе учествуваат во натпреварите на спортските арени, со цел да се стремат кон остварување на олимпиското мото: Побрзо, посилно, повисоко.

-Владата има непоколеблива мотивација за силна поддршка на спортот за континуирано обезбедување услови за квалитетни спортски можности и за партнерска соработка со сите релевантни 30 олимписки федерации под закрилата на Олимписки комитет на Северна Македонија (ОКСМ). Со рестартот на економијата во пост-ковид периодот, со поддршка и континуираната афирмација на олимпизмот и со нулта партизација во спортот, ќе ја оствариме целта, износот на финансиски средства од спортските ваучери да порасне до 15 милиони евра до крајот на мандатот на оваа Влада. Создаваме услови за уште поголеми спортски успеси на кои сите ќе се радуваме, на секоја нова победа, на секој нов спортски успех, како придонес за развој на врвниот спорт, за спроведување на акции против секаков облик на дискриминација и насилство за време на спортските настани, и за грижa за здравјето на спортистите, преку почитување на медицинскиот код на Меѓународниот олимписки комитет, се наведува на фејсбук статусот на премиерот Зоран Заев.

Next Post

Јанкуловски со апел до телевизиите и радијата постојано да пoтсетуваат колку е опасен ковид-19 доколку не сме претпазливи и совесни

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk