ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Јанкуловски со апел до телевизиите и радијата постојано да пoтсетуваат колку е опасен ковид-19 доколку не сме претпазливи и совесни

March 20, 2021 21:01
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПАНДЕМИЈА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Апел до телевизиите (ова би можело и на радио да оди). Вестите на тема Ковид-19 во вестите се сведуваат на 2-3 минутен извештај за толку заболени, толку починати, по градови и натаму следат 22 минути „СДСМ го повика ВМРО„ па „ВМРО му врати на СДСМ“ па „СДСМ му врати на враќањето на ВМРО“ па „ВМРО му врати на СДСМ за враќањето на ВМРО на првото на СДСМ“ па драстично менување на темата во „портпаролот на ВМРО го повика Заев“ и „портпаролот на СДСМ го повика Мицковски“, напиша на Фејсбук медицинскиот техничар Денис Јанкуловски, познат како Космонатутко.

„Зошто цело ова време (пази, година и кусур е веќе) не оди ниеднаш во горниот дел од екранот нешто од овој тип:

„Луѓе, сериозно разберете ја ситуацијата, бидете внимателни и прептпазливи, се работи и за вашите животи но и за животите на вашите најблиски, особено постарите. Бидете посовесни за што побрзо да излеземе од ова лудило живи и здрави.

Почитувајте мерки, носете маски, држете дистанца.

Да, не е нормално ова ново „нормално“.

Да, ич не е пријатно да се носи маска, смета.

Да, трае предолго.

Да, смачено ни е на сите.

Да, мора да се потрудиме да заврши побрзо.

Да, затоа што не смееме да дозволиме вака да ги губиме нашите сограѓани.

Независно од каде и каков е вирусов или што и да е, ги покосува оние со хронични заболувања, оние со слаб имунитет па и оние кај кои и не знаеме зошто така им прави. Ова директно од терен ви го кажувам, најжални се старите, ги гледам немоќни, но и исплашени. Навлеговме убаво во втора ковидска година и дајте да не дозволиме и натаму да броиме месеци со ковид биланс. Дајте заедно да се избориме да не` има сите на број.“

И ова ем пишано, ем да го чита некој ама не како Спиди Гонзалес што чита за препорачано од таа и таа медицинска установа и слично. Нека е често, не само пред Гледајте во вестите. Нека оди на пола саат, па на 15 минути. Па дури може и насред сериине да го пуштате.

И за ова не треба да биде од Влада, од некое Министерство и слично. Секој од вас може ова да го напише, не само што нема да згреши туку верувам дека ќе има огромно влијание.

Мора да се најде начин како да се допре ако не до сите барем до повеќето граѓани и да ја увидат сериозноста на ситуацијата. И она главното зошто би било сето тоа – да реагираат правовремено за да не трчаат со некој свој по болнициве.

Да, помина доста време.

Да, требаше ова одамна.

Да, никогаш не е доцна“, напиша Јанкуловски.

Next Post

Вечерен преглед: Успешно спречен обид за самоубиство во Карпош, речиси 69.000 членови на СДСМ утре ќе избираат претседател на првите директни внатрепартиски избори...

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk