ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Успешно спречен обид за самоубиство во Карпош, речиси 69.000 членови на СДСМ утре ќе избираат претседател на првите директни внатрепартиски избори…

March 20, 2021 21:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Избегната трагедија во Карпош – Полицијата и пожарникарите спречија обид за самоубиство. Пријава за интервенција стигнала на телефонскиот број 193 десетина минути по 12 часот, по што пожарникарите излегле на терен и поставиле душек за спасување во случај ако девојката скокне да падне на него.

Филипче: Обезбедуваме болнички кревети и кадар, граѓаните да ги почитуваат мерките. Здравствениот систем секојдневно се менаџира, граѓаните треба да бидат спокојни, министерот Филипче апелира здравствените мерки и протоколи задолжитено да се почитуваат, бидејќи се во интерес на заштита на здравјето на граѓаните. Штитејќи се себе си ги штитите и вашите семејства, роднини, пријатели, познаници, а со тоа покажувате и почит кон трудот на здравствените работници – порачува министерот.

Речиси 69.000 членови на СДСМ утре ќе избираат претседател на првите директни внатрепартиски избори. Од СДСМ наведуваат дека се преземени сите неопходни мерки за уредување на гласачките места во согласност со препораките за здравствена заштита од Ковид-19 и дека целиот изборен процес на денот на гласањето ќе се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од коронавирусот.

Трета победа за Вардар во петтиот настап сезонава во СЕХА-лигата. Црвено-црните ја имаа контролата на резултатот во текот на целиот натпревар одигран во СЦ „Јане Сандански“. Највисокото водство на вардарци изнесуваше седум голови разлика (31:24).
Заев: Создаваме услови за уште поголеми спортски успеси на кои сите ќе се радуваме. Само шест месеци по прогласувањето на независноста на нашата држава, на денешен ден 20 март 1992 година, е основан Македонскиот олимписки комитет (МОК), како 195ти член на Меѓународниот олимписки комитет.
Османи со поддршка до Захариева за разрешување на случајот со шпионажа во корист на Русија. Силна поддршка за суверенитетот на Бугарија, нашиот сосед и сојузник во НАТО. Република Северна Македонија ги осудива сите малигни активности на територијата на Република Бугарија, напиша Османи на неговиот твитер налог обраќајќи се до Захариева.

Борисов ја повика Русија „да престане да шпионира во Бугарија“. Премиерот на Бугарија им честиташе на Јавното обвинителство и на службите за сработеното и изрази изненаденост од големиот „молк“ на другите институции во Бугарија, имајќи предвид дека претседателот Румен Радев сè уште не го коментирал случајот со откриената руска шпионска група во Бугарија.

Стапи на сила едномесечното затворање на Париз и други француски регони поради Ковид-19. Во 16-те административни региони, сите продавници што не се потребни престануваат да работат, но книжарниците и продавниците за музички инструменти можат да продолжат да работат. Учениците можат да одат на училиште. На луѓето им е дозволено да се движат, но само во радиус од 10 километри од местото на живеење.
И. Т. З.
Next Post

Тавила: Вакцините се пакуваат и се подготвуваат за повеќе земји, вклучувајќи ја и Северна Македонија и ќе дојдат многу скоро

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk