ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тавила: Вакцините се пакуваат и се подготвуваат за повеќе земји, вклучувајќи ја и Северна Македонија и ќе дојдат многу скоро

March 21, 2021 08:58
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Доцнењето на испораката на вакцините се должи на глобален недостиг во производството на вакцини, но и во нивната дистрибуција, но ова е случај со голем број земји низ светот кои се дел од КОВАКС, вели претставничката на СЗО во земјава Џихан Тавила.

-Можам да ветам дека вакцините се пакуваат и се подготвуваат за повеќе земји, вклучувајќи ја и Северна Македонија и ќе дојдат многу скоро.. Направив една грешка кога изјавив дека би требало да стигнат во средината на март. Ајде да не направиме уште една грешка. Но сигурна сум дека Министерството за здравство ќе биде прво информирано за датумот на пристигнување на вакцините и Владата и тие ќе ви кажат датум, бидејќи ако не сме сигурни дека вакцините се ставени во авионот и доаѓаат кон С Македонија, во Скопје никој не може да ви каже конкретен датум, изјави Тавила вечерва во гостување на вестите на Сител прашана кога ќе пристигнат вакцините од Ковакс механизмот наменети за С Македонија.

Во комемнтар на анкета од неделава, која покажува многу мал интерес на граѓаните од земјава за вакцинирање со вакцината на АстраЗенека, таа упатува на пораките од СЗО и дека вакцината е единсвтеното што го  имаме за борба со вирусот..

-Сакам да им кажам на луѓето дека колебливоста е полоша од стравот за вакцината на АстраЗенека Треба да разбереме дека она што е важно е да се бориме со вирусот и имаме само едно нешто што може да не заштити од компликации од вирусот, но и да ја намали смртноста, а тоа е вакцината. Јас би ги охрабриласите да ја примат вакцината. Проблемите кои ги слушнавме неодамна за несакани ефекти се многу, многу ретки, а веќе десетици милиони дози се аплицирани, но сме слушнале само за околу 50 несакани ефекти.Ова е вистина, но истражувањата покажаа дека нема поврзаност помеѓу згрутчувањето на крвта и вакцината на АстраЗенека. Важно е да се запамети дека мора да ги имаме фактите, податоците, а СЗО вчера објави дека нема дополнителен ризик за згрутчување на крвта или какви било проблеми со крвта поради оваа вакцина споредбено со општата популација. Сакам да ги потсетам луѓето дека ковид вакцината нема да ги заштити од други болести, вели Тавила која додава дека лично би ја примила вакцината на АстраЗенека.

Според неа, прашање од една милијарда долари е дали годинава можеме да планираме  одмори.

-Ова е прашање од една милијарда долари и сигурна сум дека науката досега не може да го одговори, бидејќи немаме доволно време да дознаеме какво ќе биде влијанието на вакцините врз ширењето на вирусот и каков ќе биде ефектот врз „имунитетот на стадото“. Така што овие одговори не ги знаеме, потребно ни е време да ја видиме покриеноста на вакцините и каков ефект ќе има. Можам да кажам дека вакцините со сигурност докажаа дека е безбедна и ефикасна, и примањето на вакцината значи дека вие лично сте заштитени од комплиации и смртен исход. Ако немаме друг избор важно е да се прими вакцина, а немаме друг избор.Важно е да се разбере дека се додека немаме распространета вакцинација глобално не може да се заштитиме ако сите не се заштитени. До тогаш мислам дека нема да може да излегуваме без маски и превентивни мерки пред 2022 година, вели претставничката на СЗО.

Според неа, растот на бројките на новодијагностицирани случаи во моментов е поради тоа што вирусот мутира и заразеноста е висока.

-Две работи се клучни. Кога ќе ви биде понудена вакцина земете ја и не се колебајте. Второ, се додека нема глобално задоволитено ниво на вакцинација, кое се проучува, се додека не ни кажат дека може да ја тргнеме заштитната опрема мора да чекаме. До тогаш носете маска,држете дистанца и одржувајте хигиена на рацете.Но ова е за граѓаните, За Владата и за здравствените власти порачуваме да бидат храбри , не се плашете да воведете рестриктивни мерки ако тоа е потребно, бидејќи со зголемен број на инфекции ги зголемуваме мутациите и имаме нови соеви и  посериозна болест. Мора заеднички да работиме да запре ширењето додека да се вратиме на некаков нормален живот, вели Тавила и порачува дека успехот во битката со вирусот е колективна одговорност

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

Без вода утре село Трубарево и улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во Гази Баба

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk