ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

За Вучиќ Косово е крст, за Рама Албанија и Косово се е едно

March 21, 2021 13:06
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косово ги искара лидерите кои до вчера изгледаа пријатели и промотори на Балканскиот “мини-шенген”. Претседателот на Србија и премиерот на Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама, излегоа со изјави кои одат во сосема спротивен правец  од тие кои беа дадени последните месеци. Прв почна претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој по повод годишнината од насилните протести што се случија на 17 март 2004 година, објави порака на Инстаграм профилот, со карта на Косово покриена со српско знаме.

“Косово не е наш товар, туку наш крст, и од крстот се гледа  подобро отколку под него воскреснувањето”, напиша  Вучиќ.

Фотгорфаија – инстаграм профил на Александар Вучиќ. претседател на Србија

Ден потоа, 250 медицински работници од Косово отидоа во Кукс за вакцинација против Ковид -19 со вакцини што ги доби  Албанија, но без право да ги испратат надвор од државата. Рама ја искористи оваа прилика да му одговори на Вучиќ со контра изјава поврзано со Косово. Со иронија за мапата, Рама му возврати на “другарот од Белград”, дека Косово и Албанија се едно, а иднината „се знае”.

Еди Рама, претсдател на Албанија

„Задоцни малку другата страна, но добро е што се случи вака после таа мапа која ја извади вчера тој другарот во Белград, играјќи со кукли на Фејсбук. Ние сме едно, иднината се знае која е. Иако имаме разлики за начинот како се стига до иднината, за тоа сонуваме и работиме сите. А во сегашноста сме апсолутно едно. Многу сум среќен што ја скршивме таа страшна блокада на неможноста за вакцинација од Косово”, изјави Рама.

По објавата на Вучиќ реагираа претставници на Европската Унија кои ги предупредија лидерите во Белград и Приштина и повикаа да се воздржат од активности што ќе влијаат на процесот на нормализирање на односите.

“Како што рековме многу пати во текот на годините, Србија и Косово треба да се воздржат од акти и изјави што се контрапродуктивни за нормализирање на нивните односи и да работат на постигнување сеопфатен договор”, нагласи портпарол на ЕУ.

Тој потсети дека ЕУ секогаш ги повикува сите политички чинители во Србија, Косово и остатокот од регионот да се вклучат во активности и декларации што создаваат и промовираат атмосфера погодна за помирување, регионална стабилност и соработка, наместо да го прават спротивното.

Оваа јавна полемика меѓу Рама и Вучиќ е втора по ред, а прва после неколкуте средби за мини шенгенот. Првиот пат Рама при посета на Белград апелираше Србија да ја признае новата реалност за Косово на што оштро реагираше Вучиќ кој изјавата ја процени како провокација.

Арбен Зеќири

Next Post

Зеќири, Петров, Николовски, Богдановиќ гласаа на првите внатрепартиски директни избори за избор на претседател на СДСМ

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk