Денес, за првпат во тридецениското постоење на плурализмот во Северна Македонија, токму членовите на СДСМ избираат претседател на директни, внатрепартиски избори, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи и објави фотографии од гласањето.
„Заедно испишуваме историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија.
Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната, модерна и европска партија – СДСМ“, напиша Заев.