ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

Опозицијата предупредува дека владејачката коалиција намерно го загрозува демократскиот процес, додека анкетите покажуваат значителен пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ

August 25, 2025 11:19
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Опозицијата жестоко реагира на последните потези на власта во однос на изборниот процес, оценувајќи дека се отвораат сериозни можности за манипулации и злоупотреби во корист на владејачката партија. Според нив, однесувањето на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски е показател за стравот од губење на голем број гласови на следните избори.

Во јавноста веќе се коментира дека ВМРО-ДПМНЕ изгубилe над 100 илјади гласови во изминатиот период, а дел од анализите и анкетите ја потврдуваат оваа тенденција. Токму поради тоа, опозициските партии тврдат дека власта посегнува по „инструменти“ со кои се загрозува демократијата и се остава простор за изборни нерегуларности.

Пред повеќе месеци Уставниот суд донесе одлука да го укине спорниот дел од Изборниот законик, со кој беше пропишан висок праг на потребни потписи за независните кандидатски листи. Но, Владата реагираше дури по распишувањето на изборите, поднесувајќи предлог-измена во Собранието во последен момент.

Обидот заврши без успех – дел од пратениците на коалицијата ВЛЕН не се појавија, што спречи обезбедување на бадентеровото мнозинство, иако опозициската СДСМ најави дека ќе даде поддршка. Со тоа, измените пропаднаа, а независните листи повторно се доведени во неизвесна состојба.

Според опозицијата, токму ова одолговлекување и несериозниот пристап на Владата покажуваат дека владејачката коалиција намерно остава отворен простор за нерегуларности и манипулации.

Дополнителни реакции предизвика и изјавата на премиерот Мицкоски, кој повторно ја посочи СДСМ и ДУИ како главни виновници за состојбите во државата.

– Дури и една година по преземањето на власта, за сите проблеми виновни се СДСМ и ДУИ – тоа е најдобар доказ за целосна неспособност да се управува со државата, велат од опозицијата.

Премиерот Мицкоски не ја исклучува и можноста да се создаде проблем во изборниот процес со оглед на тоа што независните кандидати можат да учествуваат со само два потписа од граѓани од изборната единица, што пак може да го зголеми бројот на кандидати и да направи гласачкото ливче да биде долго и збунувачко, но како што истакна, ако тоа се случи и изборите бидат неуспешни Владата има уствно и законско право и можност да именува владини повереници во општините.

На ова реагираше СДСМ и истакна дека „во очи на локалните избори, премиерот Христијан Мицкоски отворено најавува суспендирање на Уставот и волјата на граѓаните. Неговата изјава за поставување „владини повереници“ претставува директен напад врз уставниот поредок и граѓанската волја“.

„Ова не е ништо друго освен дрзок обид за узурпација на власта, суспендирање на законите, изборниот процес и заобиколување на граѓанската волја“, истакнуваат од СДСМ.

Опозицијата најавува дека ќе го следи внимателно секој чекор на власта и ќе реагира на секоја можност за злоупотреба на изборниот процес.

– Ова не е само борба за партиски интереси, туку за одбрана на демократијата и правото на граѓаните нивната волја да биде фер и транспарентно претставена, велат од опозицијата.

Политичката сцена во земјава е силно поларизирана во пресрет на изборите. Владејачката партија се соочува со сериозни критики дека не успева да испорача резултати во економијата и во справувањето со корупцијата, додека опозицијата ја обвинува за потези со кои намерно се блокира политичкиот плурализам.

Во ваква атмосфера, изборниот процес станува клучна точка на конфронтација. Прашањето дали ќе се обезбедат фер услови за сите кандидати, особено за независните листи, останува отворено и ќе биде под будно око и на јавноста и на меѓународната заедница.

Дестан Јонузи

Tags: ВЛЕНВМРО-ДПМНЕДУИЛокални избори 2025СДСМ
Next Post

Њујок Тајмс: Дали Украина ќе се откаже од Донбас?

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk