Епидемиологот Драган Даниловски во изјава за А1он вели дека не се согласува дека моменталната мерка за продолжување на актуелниот полицискиот час, што првично беше предложена од Комисијата за заразни болести, дала резултат.
„Јас немам објаснување врз основа на што ценела Комисијата за заразни болести дека мерките дале резултат. Можеби тие располагаат со елементи за процена што мене не ми се познати, сепак, јас сум вон системот на одлучување“, вели епидемиологот Даниловски.
Даниловски минатата недела апелираше дека за викендите ќе биде најдобро да бидат затворени сите објекти, освен продавниците за храна, аптеките и бензиските пумпи, со што ќе се намали бројот на лица кои ќе претстојуваат долго време во затворени простории.
Епидемиологот Даниловски вели дека, врз основа на искуството од претходниот бран, пикот би бил на почетокот на април, но тоа, според него, е само интелектуална претпоставка.





