ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СЗО разработи четири можни причини за ширењето на коронавирусот во Вухан – трговијата со диви животни е најприфатливата

March 22, 2021 11:10
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Експертите од Светската здравствена организација (СЗО), истражувајќи го изворот на ширење на коронавирусот во кинескиот град Вухан, навестуваат дека трговијата со диви животни може да биде причината за ширењето на вирусот САРС-КоВ-2, јави „Блумберг“.

Меѓународна група експерти на СЗО од 14 јануари речиси еден месец престојуваше во Кина и притоа спроведе заедничко истражување со кинески експерти за да се утврди потеклото на Ковид-19.

Експертите на СЗО, наводно, развиле четири главни хипотези за можното потекло на вирусот. Коронавирусот веројатно не влегол во човечкото тело директно од лилјаците на пазарот за морска храна Вухан. Веројатно имало меѓупреносител на вирусот. Истражувачите, исто така, го доведоа во прашање вештачкото потекло на Ковид-19 и не ја поддржаа теоријата дека пандемијата е резултат на протекување од лабораторија. Исто така, кај нив има и хипотеза споделена од НР Кина во врска со пренесувањето на вирусот преку контаминирана храна. Меѓутоа, најверојатна причина за коронавирусот е трговијата со диви животни на пазарот со морски плодови во Вухан, наведуваат експертите на СЗО.

Доминик Двајер, микробиолог од Сиднеј, кој беше дел од експертската група на СЗО, вели  дека вирусот можело да се прими преку заразено животно, кое било продадено на пазарот.

-Пазарот можеби бил клучен за влегувањето на вирусот во човечкото тело, изјави Џоел О.Вертхајм, асистент по медицина на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего.

Тој додаде дека, според актуелните податоци до кои тие дошле,  пазарот е местото каде првично се проширел САРС-КоВ-2, но не мора да значи дека е тоа местото каде што се појавил.

извор: МИА

Next Post

Борисов му честита на Заев: Одговорите на прашањата што се отворија се содржат во Договорот за добрососедство и пријателство

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk