ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Интересни факти за серијата „Пријатели“

March 23, 2021 21:48
in ДЕНЕС, МАГАЗИН

„Пријатели“ е една од најпопуларните и најгледаните серии во светот, која своето деби го имаше на 22 септември 1994 година на телевизијата NBC. До својата последна епизода на 6 мај 2004 година, беа снимени 10 сезони или вкупно 236 епизоди. Актерите Џенифер Анистон, Метју Пери, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Ле Бланк и Лиса Кудроу, иако пред почетокот на снимањето на серијата беа скоро анонимци, денеска се големи ѕвезди. За тоа говори и нивната плата која на почетокот на снимањето на шоуто изнесувала скромни 22.500 долари по епизода, за во последните две сезони да достигне висина од 1.000.000 долари по епизода.

  • За време на прикажувањето на шоуто во САД, реклама од 30 секунди чинела пола милион долари.
  • Во Велика Британија, за време на прикажувањето на последната епизода од серијата во 2004-та година, за реклама од 30 секунди биле наплатени рекордни 1,2 милиони фунти (1,8 милиони евра).
  • За името на серијата, во игра биле и уште неколку идеи како што се: „Friends Like Us“, „Six of One“, „Across the Hall“ и „Insomnia Cafe“.
  • „Централ Перк“, кафулето во кое 6-те ликови го поминуваат поголемиот дел од нивното време, е направено според кафулето Менхетн, кое се наоѓа во Вест Вилиџ во Њујорк.
  • Во текот на 10-те сезони, во серијата гостуваат многу познати глумци како Џорџ Клуни, Џулија Робертс, Дени Де Вито, Жан Клод Ван Дам, Брус Вилис, Крис Ајзак, Еди Кејхил и други.
  • Кога пилот-епизодата била одобрена да стартува на телевизија, целата екипа која работела на снимањето на серијата добила бесплатен одмор во Лас Вегас.
  • Кортни Кокс (Моника) беше прогласена за најзгодната девојка од ТВ сериите, според списанието Плејбој.
  • Колумбискиот универзитет има палеонтолог по име Дејвид Швимер (Рос). Во серијата, Рос е палеонтолог.
  • Џенифер Анистон (Рејчел), пред почетокот на снимањето на Пријатели имала 15 килограми плус, потоа нејзиниот агент и наредил да ослабе за потребите на серијата.
  • Лиса Кудроу (Фиби) имала уплав од патката која Џои и Чендлер ја чуваат како милениче во серијата.
  • Кортни Кокс првично се пријавила на аудицијата за улогата на Рејчел.
  • Мет Ле Бланк (Џои) бил тотално шворц, со само 11 долари на својата сметка пред да ја добие улогата во Пријатели.
  • Метју Пери (Чендлер) кратко се има појавено и во популарната серија „Беверли Хилс 90210“ играјќи улога на најпопуларното момче во училиштето.
  • Песната на најавната шпица на серијата „I’ll be there for you“ од бендот Rembrandts, стана огромен хит насекаде во светот за многу кратко време.
  • Кортни Кокс била најпозната од 6-те актери пред снимањето на серијата. Претходно таа ја играше улогата на детективот за животни, во филмот Ејс Вентура заедно со Џим Кери.
  • Снимката на шпицата каде што актерите танцуваат околу фонтаната е снимена на имотот на студиото Warner Brothers во 5 часот наутро.
Next Post

Владата ѝ укажа на Општина Охрид да се превенираат градежните работи на локацијата ресторан „Парк“

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk