Долгогодишното партнерство на Моника Белучи и Доменико Долче и Стефано Габана е надградено со уште еден заеднички проект. Имено, 56-годишната Италијанка е ѕвездата во најновата кампања на дизајнерското дуо.
Додека позира на идилична локација во Италија, Белучи носи црни креации од Долче и Габана и ги истакнува чантите од линијата „Devotion“.
Фотографиите се дело на Бранислав Шимончик.
Ќерката на Моника, Дева Касел, исто така е во модното семејство Долче и Габана. Таа е заштитно лице за парфемот Dolce Rose.
извор: фемина.ком