ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува болеста на пратениците и ја блокира работата на Собранието, Алијанса на Албанците и Алтернатива поднесoa 32.000 амандмани, се спречува донесување важни закони за помош на граѓаните

March 23, 2021 09:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието нема да се гласа за законите поврзани со петтиот пакет антикризни мерки за Ковид-19 се додека владејачките партии не соберат мнозинство, односно 61 пратеник. Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера попладне го потпиша решението за неодредено одложување на 36. седница што требаше да се одржи денеска, а на која освен овие закони имаше и други 27 точки. Владата синоќа упати апел до пратениците кои ја блокираат работата на Собранието да се повлечат од тој деструктивен начин на дејствување.

Собранискиот претседател Џафери вчера на прес-конференција го образложи својот потег, обвинувајќи ја опозицијата дека ја злоупотребува здравствената состојба на пратениците, во услови на Ковид-19, и оти пред него се поставуваат ултимативни предлози што не може да ги прифати. Владејачкото мнозинство брои 62 пратеници, а до вчера двајца беа позитивни на Ковид-19, а едниот хоспитализиран.

Проблемот настанал, според претседателот на Собранието, откако вчера координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ побарал на седницата да се разгледуваат само продолжувањето на кризната состојба и трите точки поврзани со мерките за Ковид-19, а не и другите 26. Практично, опозицијата побарала посебна седница само за тие четири точки.

Меѓу точките на дневен ред на оваа седница се закони од петиот сет мерки за справување со Ковид-19: Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година, Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, како и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка. Како прва точка на седницата е предложено и продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница, за што околу 400 амандмани имаат поднесено опозициските Алијанса на Албанците и Алтернатива, нешто што досега, како што потенцира Џафери, не се случило. На дневен ред на 36. пленарна седница се и интерпелации поднесени од опозоцијата, Предлог законот за поништување на законот за попис на ВМРО-ДПМНЕ и други.

Претседателот на Собранието ги повика на разум пратениците од опозицијата обвинувајќи ги за теснопартиски игри.

– Собранието ниту е на власта ниту на опозоцијата. Законите се во корист на сите граѓани, рече Џафери повикувајќи ги да се вратат на работа бидејќи за тоа се платени, а плата земаат од граѓаните.

Дополнително на оваа ситуација е блокадата предизвикана со над 32.000 амандамни за дваесетина закони од страна на Алијанса на Албанците и Алтернатива поради неподдршката на Законот за државјанство од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Според Џафери, ова претставува „политичка пинг понг“ игра од сите страни без исклучок.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пак, соопшти дека бил одбиен нивниот предлог да се закаже посебна седница за да се разгледаат законите за финансиските мерки поврзани со корона-пандемијата, а на седницата да учествуваат за да поминат и законите од петтиот пакет мерки и ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги блокираат законите.

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски рече дека тоа го предложиле откако вчера на редовната координација станало јасно дека парламентарното мнозинство нема да има 61 пратеник на 36. седница, а со цел да им се помогне на граѓаните и на стопанството зашто роковите за законите се одамна поминати.

–Според координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, власта и пратениците на СДСМ го користат овој пакет закони за да ја „искористат опозицијата да им обезбеди кворум да протуркаат штетни закони“.

Реагираше и пратеничката група на СДСМ, преку пратеникот Костадин Костадинов, кој возврати на обвинувањата и рече дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивно и неодговорно во Собранието, како и дека оваа опозициска партија со Левица во договор со пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива кочат важни процеси во Парламентот.   

– ВМРО-ДПМНЕ безобразно ја злоупотребува ситуацијата со пратеници заболени од ковид и со пратеници кои се изолација, за да ги кочи сите важни процеси и закони за граѓаните, рече Костадинов, кој потсети дека опозицијата се противеше на предлогот за работа на далечина.

Тој истакна дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат и работата на собраниските комисии, а се осврна и на блокадата на Законот за државјанство, поднесен од АА и Алтернатива.

– ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат амандмани на законот за државјанство, и за таа цел со Алијанса и Алтернатива се договараат да кочат сè што е во Собранието важно за граѓаните. Ова не алудира на ништо друго освен договор помеѓу опозициските партии, овде мислам и на ВМРО-ДПМНЕ, и на Левица и на Алијанса за кочење на важни процеси во Собранието што е срамно, жално и погубно за нив. Сметам дека е редно време да се издигнеме над партиските интереси, да се ставиме во функција на граѓаните, во функција на оние коишто седат овде и земаат плата рече Костадинов.

Координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи изјави дека со самото тоа што координативната средба кај Џафери не траела повеќе од десет минути, владејачкото мнозинство покажало дека немало спремност да се изнајде заедничко решение за излез од настаната ситуација со блокирањето на Собранието.

– Јас лично им предложив на двајцата координатори од мнозинството да се деблокира Собранието со тоа што ќе изнајдеме решение за Предлог-законот за државјанство. Мојот предлог беше и ќе го кажам сега јасно, бидејќи во медиумските искажувања сите претставници од власта и од мнозинството велеа дека имаат тие предлог-закон за државјанство и ќе ја поднесат нивната верзија, јас предложив да ја донесат таа верзија па заеднички да седнеме да ги дискутираме двете верзии, да излеземе со еден предлог-закон кој ќе биде во служба на тие граѓани коишто имаат потреба од државјанство, изјави Реџепи.

Координаторот на пратеничката група на АА и Алтернатива оцени дека власта треба да „прекине со делење емоции за дневно политичка потреба околу тоа колку биле битни овие закони за граѓаните“.

Владата синоќа упати апел до пратениците кои ја блокираат работата на Собранието да се повлечат од тој деструктивен начин на дејствување, бидејќи, како што оцени, со тоа носат сериозни штети за граѓаните и за државата.

– Блокирани се дел од мерките од четвртиот и петтиот пакет за кои се неопходни законски измени за да се реализираат решенијата за одржливост на  економијата, за спас на работните места и спроведување на грижата за никој да не биде изоставен. Во инклузивен процес, со консултација на сите засегнати страни до сега се насочени околу 1 милијарда и 300 милиони евра кон граѓаните и стопанството за да обезбедиме стабилна одржливост на економијата со потенцијал за ревитализација, се наведува во соопштението на владината Прес-служба.

Владата нагласува дека опозициските пратеници треба да прифатат дека станува збор за исклучително чувствителен момент  и дека имаат одговорност пред граѓаните да се надмине оваа ситуација со деблокада на собранискиот процес и Собранието час поскоро да ги усвои законските измени за да се стават во функција мерките од антиковид пакетите, кои се од исклучително значење за граѓаните и за стопанството.

– Владата на Република Северна Македонија апелира собраниската говорница да биде место за дебати, идеи и конструктивни амандмани за најдобри законски решенија во интерес на народот и државата, се потенцира во соопштението.

На дневен ред на 36. Седница освен пакетот закони за антикризните мерки и одлуката за продолжување на кризната состојба, се и 26 други закони, интерпелации и друго. 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Еден загинат, двајца тешко повредени во сообраќајна несреќа на патот Охрид – Кичево

НАЈНОВО

Макрадули: Станува јасно зошто Владата не ги исполнува ветувањата

September 10, 2025

БРТ е единственото решение за брз и ефикасен превоз во Скопје, смета Шукова

September 10, 2025

Шукова: Тешка манипулација е дека Вардариште може да се направи парк

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија на крстопат: Резолуција што може да го одблокира европскиот пат!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Али и Мали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk