ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Новата регулатива на ЕУ за вакцините се однесува на механизмот на солидарност, не на директните разговори со компаниите

March 24, 2021 18:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Промените што  ги воведе Европската комисија во механизмот за извоз на вакцини кон трети земји не се однесуваат на нашите билатерални и директни разговори со компаниите, вклучувајќи ги и европските производители, изјави министерот за здравство Венко Филипче во врска со новата регулатива која денеска ја објави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, со што ќе профункционира солидарниот фонд на Унијата од каде што вакцини треба да добие и нашата земја.

-Овие информации се однесуваат исклучиво на механизмот на солидарност односно на вакцините коишто доаѓаат од земјите членки на ЕУ. Ние и на тој механизам интензивно работиме во изминатиот период. За тоа е веќе потврден грантот, некои детали уште се разработуваат и секако некои детали во однос на одговорностите што се однесуваат на трилатералните договори. Тоа значи дека тој механизам на солидарност на ЕУ дефинитивно ќе профункционира по сите надминувања на проблематичните елементи, а тоа, пред се, беше што и самите компании не испорачаа доволно дози кон земјите членки на ЕУ. Ова не се однесува никако на нашите билатерални директни разговори со компании, вклучувајќи ги и европските производители, изјави Филипче за ТВ Телма.

Конкретно, со АстраЗенека веќе имаме потпишано договор преку Ковакс-механизмот, посочи Филипче, ги чекаме и финалните информации од компанијата „Фајзер“ кои се однесуваат кој и како ќе ја преземе одговорноста за несаканите ефекти.

– На тоа потрошивме доста време. Секојдневно разговараме и јас верувам дека овие денови тоа прашање ќе се расчисти, рече Филипче, кој денеска за ова разговарал и со претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

За да се подобри механизмот за респределба на вакцини, ЕУ воведува нова регулатива, која опафаќа две промени во постојниот механизам. Се прави промена во реципроцитет односно ќе се следи дали државата која ги произведува вакцините го ограничува сопствениот извоз на вакцини или нивни суровини. Втората воведена измена во постојниот механизам се однсеува на пропорционалност – што значи дека ЕУ се залага за пропорционална распределба на вакцините, а тоа ќе се утврдува според тоа дали условите што преовладуваат во земјата се подобри или полоши од оние на ЕУ, особено епидемиолошката состојба, стапката на вакцинација и пристапот до вакцините.

За да добие целосна слика за распределбата на вакцини, ЕУ во новата регулатива вклучи 17 држави меѓу кои и Република Северна Македонија.

– Но, ова никако не се однесува на директни разговори кои која било земја од Западен Балкан ги има со која било компанија, вклучително и европските. Ова се однесува само на трилатералните договори – кога европските земји отстапуваат дел од своите, што е разбирливо, зашто со овие членови во договорите, кои досега ги немаше, тие прво  самите се обезбедуваат. Вметнати се две клаузули за еднаквост односно анализа дали земјата на која се дава, евентуално, има доволни количини и таа ја извезува, и епидемилошката слика како еден од факторите во распределбата на дозите, истакна Филипче, подвлекувајќи дека  разговорите интензивно се одвиваат во однос на трилатералниот договор и во механизмот на солидарностра се вклучени претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk