ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ФИТР и ИМЕ со нова соработка за комерцијализирање на дигитални решенија во земјоделскиот сектор

March 24, 2021 11:32
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Директна менторска поддршка за побрза комерцијализација и примена на проектите кои ќе бидат одбрани преку јавниот повик Предизвик за дигитализација на земјоделството на ФИТР ќе обезбеди Меморандум за соработка што денеска го потпишаа Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).

Преку програмата ќе биде обезбедено и поврзување на стартапите со агробизниси и земјоделци кои може да бидат корисници на иновативните решенија.

 

-Нашата држава ги следи примерите на развиените земји во кои дигитализацијата веќе се воведува и во најделикатните сегменти на земјоделството. Обезбедените финансиски средства за напредните старт-апи кои веќе имаат развиен прототип на иновативен производ или услуга е нашиот прв крупен исчекор кон воведување на современа технологија во земјоделството. Овој тип на соработка со ИМЕ е од особена важност бидејќи поддршката на ФИТР не завршува со доделувањето на средствата туку со суштинска помош низ сите фази на имплементирање на проектите, изјави Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

ИМЕ ќе организира индивидуални менторски средби со цел детектирање на функционалностите на предложените решенија, презентирање на бенефитите, обезбедување на повратна информација од секторот за подобрување на решението и иницијален интерес за комерцијално користење.

 

-Соработката меѓу ФИТР и ИМЕ е потврда за заедничката заложба за модернизација и дигитализација на агробизнис секторот. Поддршката на иновативни дигитални решенија ќе придонесе кон употреба на напредни агротехнички мерки во одгледувањето на земјоделските култури, зголемена продуктивност и зголемени приходи за земјоделците како и користење на  паметна технологијата во пост-бербените активности и финализација на производите со додадена вредност. Модерно и ефикасно производство ќе значи намалени загуби и отпад, зголемена конкурентност на македонските производи за извоз, како и зголемена заштита на животната средина.  На овој начин Швајцарската програма ИМЕ придонесува во забрзан раст на агробизнисите и можности за отворање нови и квалитетни работни места во секторот, посочи Горан Дамовски, тим лидер на проектот ИМЕ.

Рокот за аплицирање на Предизвикот за дигитализација на земјоделството е до 16 април годинава, а сите дополнителни информации можат да се добијат на: https://fitr.mk/agrodigital/.

извор: МИА

Next Post

Пладневен преглед: Почнуваат подготовките за 30- годишнината од независноста на Република Северна Македонија, самопопишувањето на дијаспората се интензивира, мерките за вработување вредат 24,5 милиони евра со кои ќе бидат опфатени 10.279 лица

НАЈНОВО

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025

Нова цена на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ

October 29, 2025
Фотомонтажа

Стинг ќе биде хедлајнер на Супербоул викенд концертот, a Бед Бани на „halftime“ шоуто

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk