ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Панел: Децата и младите се особено ранливи на дезинформациите за Ковид-19

March 24, 2021 13:18
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За да можеме да се бориме против пандемијата и инфодемијата, треба да изградиме доверба. Дезинформациите имаат вистински последици затоа што влијаат врз однесувањето на луѓето, а децата и младите се особено ранливи. Дезинформациите ги искористуваат слабостите во општеството, ја поткопуваат довербата во науката и медицината и може да резултираат со изгубени животи. Мора да ги здружиме силите, да се бориме и да се потпираме на научно засновани совети за јавното здравје.

Ова го истакна Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ на денешната  онлајн панел дискусија на тема „Дезинформации и КОВИД-19 на која беше презентирана мобилната апликација „HealthBuddy+“. Во изминатата година, дезинформациите за КОВИД-19 го попречуваа одговорот на пандемијата. Најновите податоци на УНИЦЕФ, вели таа, покажуваат дека децата и младите се особено ранливи, при што до три четвртини од младите во светот не се сигурни дека можат да потврдат дали се вистинити  информациите дадени на интернет. 

-Дезинформацијата ги злоупотребува слабостите во општеството и институциите и понатаму ги продлабочува. Тоа ја поткопува довербата во науката и медицината и чини животи.  рече Ди Џовани. 

Таа особено се осврна на најновите дезинформации кои се однесуваат на производството, дистрибуцијата и квалитетот на вакцини на глобално ниво, кои рече влијаат врз јавната перцепција за квалитетот на вакцините, и креираат недоразбирање во поглед на сложените синџири на снабдување со производство  на овие вакцини.

-HealthBuddy+  не само што нуди пристап до проверени информации од доверба за КОВИД 19 вакцините, туку исто така овозможува да се преземе активна улога по пријава за дезинформации кои подоцна ќе бидат проверени со факти и потврдени од експертите. Вклученоста  на заедниците во поглед на нивната перцепција за болеста и нивниот одговор е критичо за градење на довербата и особено ќе биде важно во фазата на вакцинирање. Неодлучноста за примање на вакцината ќе има големо влијание врз нашата борба против Ковид 19 и сите одговори мораат да ги решат дилемите и грижите на сите, вели Ди Џовани

Според претставничката на СЗО Џихан Тавила, за одговорот на инфодемијата, потребно е да се искористи примена на нови дигитални алатки во јавно-здравствените вонредни состојби, проверувачите на факти да ги идентификуваат дефицитите на податоци во реално време за да може правовремено да реагираме на сите дезинформации, како дека дигиталните алатки мора да бидат придружени со нови алатки за мерење и евалуација на големината на пробемот.

-Секако треба да се бориме со проблемите на локално ниво, и не терба да ги заборавиме граѓаните во оваа равенка, Затоа СЗО од почетокот на пандемијата прави периодични истражувањана јавното мислење на населението,на ниовните ставови во врска со Ковид-19. Тоа му помогна и на МЗ да слушне што размислуваат самите граѓани. Мислам дека емоционалниот ефект од пандемијата станува се повидлив, со секој поминат ден. Колективните чуства на луѓето се тие кои треба да не водат во активностите. Не само достапноста на вакцините, прво луѓето да ги прифатат вакцините, исто така треба да размислиме за улогата на локалните задници, бидејќи можат да одиграат многу значајна улога во успешно дизјанирање на активностите и програмите за интеревенција за време на оваа епидемија. Ние имаме улога како агенции на ОН и како партнери да инспирираме нови погледи кон проблемот на пандемијата преку активно граѓанско учество и преку заедничка соработка, сигирна сум дека можеме да им помогнеме на локјалните заедници и на креаторите на политики да оставарат поголем напредок во решавање на предизвиците, рече Џихан.

Абасадорката на САД, Кејт Мари Брнз истакна дека брзото ширење на вирусот покажа дека ниедна држава не може сама да се избори против пандемијата затоа САД обезбедија повеќе од 25 милијарди долари за здравствени, хуманитарни и други активности за борба против оваа пандемија, и се најголем контрибутор во светот. За поддршка и помош на Владата во земјава, рече, САД обезбедиле над 6,5 милиони долари.за справување со здравствени, образовани и економските предизвици во време на пандемијата. Далеку сме од прогласување победа над вирусот, а најдобриот начин да дојдеме до тоа, вели, е да ги следиме научниците и науката.

– Ширењето на дезинформации за Ковид 19 имаше многу штетни последици и влијаеше и врз глобалниот број на загубени животи. Оваа пандемија е секако потценета и затоа ни се потребни информации базирани на докази. Многу сме среќни што мжѓевме да ја обезбедиме обаа алатка која ќе овозмоѓи навремен пристап до точни информации. HealthBuddy+ ќе им помогне на луѓето да следат што кажува науката и научниците, ќе ја поддржи јавноста и ќе ни помогне во натамошните активности против пандемијата. Ако продолжиме да работиме заедни сигурно дека ќе успееме, рече Брнз.

На настанот, Симон ван Воерден, службеник за комуникација при кризни состојби од  Регионалната канцеларија на СЗО за Европа и Серџиу Томса, специјалист за однесување и социјални промени од Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ, ги искажаа своите мислења за оваа иницијатива, уникатните предности на HealthBuddy+ и поддршката за користење на апликацијата во земјата. Тие им се придружија на Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии и Билјана Петковска, директорка на Македонскиот институт за медиуми, во панел-дискусијата на тема „Дезинформациите и пандемијата на КОВИД-19“ и се осврнаа на клучните прашања за опасноста од дезинформации во контекст на КОВИД -19, важноста дезинформациите да се следат и да се разберат за подготвување информирани стратегии за комуникација при ризик, и улогата на медиумската писменост.

HealthBuddy+ е повеќејазично интерактивно решение развиено од регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија (ЕЦАРО) и регионалната канцеларија на СЗО за Европа (СЗО/Европа) и обезбедува пристап до најновите информации за КОВИД-19 засновани на докази. Дава вистинити информации за КОВИД-19 и помага во разоткривање на митовите и лажните тврдења за вирусот. Кај нас, е реализиран со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). HealthBuddy+ е достапна и во продавниците за апликации на Apple и Google Play. 

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат

July 19, 2025
Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Петнаесети Марш за ангелите во Кочани: Родителите ги исвиркаа институциите – никој не може да не сопре да додјдеме до вистината

July 19, 2025
Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk