„Слободен печат“: Пронајдени и одземени 4 пиштоли од станот на Груевски во Скопје. Станува збор за 4 пиштоли за кои Груевски немал дозвола по што тие се подигнати и ќе бидат предмет на натамошна истрага.
Регистрирани 1.347 нови случаи на Ковид 19, починале 17 лица на возраст од 23 –90 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2, и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавените, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Османи: Северна Македонија ги дели истите вредности со сојузниците и е подготвена да придонесе за заштита на безбедноста и унапредување на соработката.
Учеството во Пописот е задолжително, бојкотот е кривично дело. Тоа е исто што и организирање отпор и непослушност кон законити одлуки и мерки на државен орган опфатени со членот 387 од Кривичниот законик и предвидува парична казна или затвор до 3 години за оној, што ќе организира други на отпор и на непослушност.
Почина двомесечно бебе од малолетна мајка, телото предадено за обдукција. Во Полициска станица Гази Баба од Итната медициска помош е пријавено дека во куќа на ул.„Зендел Џемаил“ има починато бебе.
Бенкси продаде слика за 23 милиони долари, парите ги даде во хуманитарни цели. Парите од продажбата се наменети за здравствениот систем на Велика Британија, за борба против коронавирусот. Бенкси претходно изјави дека 13.6 милиони долари добиени за неговото дело „Devolved Parliament“, во кој е прикажан Долниот дом на парламентот преплавен со шимпанза, е највисоката цена на негова продадена слика, што значи дека последната продадена е нов рекорд.
И. Т. З.





