ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Северна Македонија ги дели истите вредности со сојузниците и е подготвена да придонесе за заштита на безбедноста и унапредување на соработката

March 24, 2021 16:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во седиштето на Алијансата во Брисел денеска се одржа вториот ден од Северно-Атлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи на кој учествуваше шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој истакна дека Северна Македонија ги дели истите вредности со сојузниците и оти е подготвена да придонесе за заштита на безбедноста и унапредување на соработката.

Една од главните теми на овој министерски состанок, како што соопшти МНР, беше натамошниот развој на иницијативата „НАТО 2030“ и како НАТО да продолжи да се адаптира на промените во однос на безбедноста и растечките закани.

На состанокот трансатлантското партнерство беше високо на агендата при што земјите-членки се согласија дека трансатлантските врски остануваат камен темелник на нашата колективна одбрана и се од голема важност за политичката кохезија.

Министрите одлучија на следниот Самит на НАТО да се отвори ново поглавје во трансатлантските односи и да се донесат нови насоки за иднината на Алијансата до и по 2030, како и понатамошното зајакнување на политичката димензија на НАТО вклучувајќи и одржување на консултации.

За време на состанокот беа прифатени и препораките за ажурирање на Стратешкиот концепт на НАТО.

На денешната трета сесија беше нагласена потребата за зајакнување на стратешката соработка меѓу НАТО и ЕУ. 

–Слично на НАТО, и европската перспектива ќе придонесе за стабилноста и безбедноста на нашиот регион. Не треба да дозволиме амбивалентноста да резултира со дивергенција кој би можела лесно да се искористи од надворешни актери. Затоа, придружувањето на Западен Балкан кон ЕУ е од значајна важност, истакна Османи.

Во однос на Авганистан, министрите ја нагласија целосната поддршка на напорите за засилување на мировниот процес, појаснувајќи дека само преку решение кое доаѓа како резултат на преговори може да се обезбеди одржлив мир и да се спречи Авганистан повторно да стане платформа за меѓународен тероризам. Министрите разменија мислења и за Блискиот исток, Северна Африка, НАТО Мисијата во Ирак, хибридните и кибер предизвици, контрола на оружјето, разоружувањето и непролиферацијата како и борбата против тероризмот.

На маргините на денешниот состанок министерот Османи оствари билатерална средби со својот португалски колега Аугустос Сантос Силва, чија земја е актуелен со ЕУ. Двајцата министри покрај безбедносните предизвици разговараа и за европското досие на Северна Македонија, особено можностите за заокружување на одлуката на Советот за почеток на преговорите за време на португалското претседателство.

Министерот Османи оствари средба и со министерот за надворешни работи на Финска, Пека Олави Хаависто. На средбата соговорниците разменија мислења за блиското партнерството помеѓу НАТО и Финска, европската агенда на Северна Македонија и процесот на проширување со ЕУ како и можностите за продлабочување на севкупните односи преку унапредување на политичкиот дијалог.

На Северно-Атлантскиот Совет на НАТО, министрите за надворешни работи одобрија и нотираа неколку усогласени документи во врска со темите кои беа предмет на дискусија во рамки на НАТО.

извор: МИА

Next Post

Дебата: Потребно е поставување на повеќе жени на позиции на донесувачи на одлуки во општините

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk