Самопопишувањето на македонската дијаспора се интензивира. Денешната состојба покажува дека за еден ден се попишале 7102 македонски државјани и се надеваме дека ова темпо на попишување ќе продолжи сè до крајот на Попис 2021, на 21 април, известуваат од Државниот завод за статистика.
„Ги покануваме сите наши иселеници да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата. За сите нејаснотии во врска со методологијата на попишувањето или какви било технички проблеми, Државниот завод за статистика им стои на располагање со отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk
„Одвојте 10-ина минути од вашето драгоцено време за да бидете дел од сликата за Република Северна Македонија“!“, повикуваат од Државниот завод за статистика.





