ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јавното здравство има квалитет и е достапно за сите, вели Заев

March 25, 2021 20:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев вели дека јавното здравство е достапно за сите граѓани подеднакво без разлика дали се сиромашни или богати секогаш, па и сега во услови на пандемија. Вели дека места има во јавните здравствени установи и тврди дека јавното здравство има експерти и подобри од тие во приватниот сектор.  

-Во демократијата право на работа има и јавниот и приватниот сектор. Во приватните болници во РСМ нема ништо повеќе што го нема во јавното здравство. Ништо повеќе нема. Ништо повеќе од квалитетно јавно здравство. И тоа го тврдам без да ме сфатат за непочитување на приватниот сектор. Да доаѓам од приватниот сектор, но, јас сум социјалдемократ и верувам и во јавното здравје, во јавното здравство и верувам во квалитетот на стручните луѓе и знам секојдневно што се случува кој што анема инфектолошки одделенија, а спеак сакале да одат граѓаните во приватните болнци. Па немаат инфективни одделенија. Немаат инфектолози. Се што имаат ескпертиза знаење од приватните болници го зимаат како консултација од јавните клиники, рече премиерот Заев одговарајќи на пратеничко папрашање на пратеникот Димитар Апасиев во врска со тоа дали Владата има намера да ги регулира цените на лекување во приватните волници за болни од КОВИД-19. 

Никогаш, вели премиерот, не сме се довеле да немаме место во јавното здравство за болен од КОВИД-19. Болен од ковид не плаќа ништо на јавното здравство. 

Има, посочува премиерот Заев, ценовник на основа на меѓународни стандарди коишто по пат на постапки јасно дефинирани ги усвојува Фондот за здравство, и додава дека е направена комплетна регулација на цените за сите услуги. 

-Апсолутно јавното здравство е подеднакво достапно за сите и за сиромашни и за богати и за среден слој. Тоа во приватното здравство тој што одлучил да оди апосолутно треба да знае нема да добие ништо повеќе од тоа што го добива во јавното здравство. И тоа е определба и однапред знаат кои се цените. И апсолутно нема никакво чекање во јавните здравствени установи и во Скопје и во внатрешноста и секогаш имаме резерви, рече премиерот Заев.

Ние, потенцира тој, ќе постапиме како што постапува секоја европска земја, ќе ги утврдува ценовниците на услугите онака како што утврдува целиот современ свет согласно нашите стандарди дома.  

-Државата плаќа се. Се што не може да се најде лек, операциски зафат или било каква лекарска интервенција дома државата ја плаќа дома во приватните клиники или ја плаќа надвор од државата. Опцијата јавно здравство ја имаме сите. Се друго е гол популизам и немате право вака да се однесувате, затоа што си играте со чувствата на нашиот народ, тешко е во цел свет, тешко е во соседството, умираат луѓе секаде и не боли сите, рече Заев. /МИА/

Next Post

Филипче: Против Ковид-19 не е вакциниран ниту еден министер, функционер или директор

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Дрон повторно го затвори аеродромот во Брисел

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Три лица загинаа во напад на американската армија во Карипско Море

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турска компанија пронајде злато во Сивас со проценета вредност од 1,7 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk