ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Подобри услуги за граѓаните, поголема отчетност и повеќе финансии за развој на општините со унапредувањето на фискалната децентрализација

March 25, 2021 10:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Подобри услуги за граѓаните, но и поголема отчетност за тоа како општините ги трошат средствата на граѓаните, ќе се овозможи со продолжување на процесот на фискална децентрализација. Ќе се зголемат средствата што општините ги добиваат преку блок дотациите, но и по други основи, но, исто така, ќе се зголемува и финансиската дисциплина во насока на намалување на долговите и домаќинско работење, најави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Министерот, на гостувањето во емисијата Економски магазин на Алсат телевизија,  информира за активностите и мерките што ќе се преземаат, а треба да доведат до подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините,  фискалната дисциплина и  транспарентоста и отчетноста на општините.

-Подобрувањето на фискалниот капацитет и зголемувањето на приходите на општините. Ќе се спроведе преку повеќе активности коишто предвидуваат раст на средствата што им се распределуваат на општините од наплатените давачки во централниот буџет, зголемување на сопствените приходи на општините и формирање фондови коишто ќе го поддржуваат добриот перформанс. Во оваа насока, ќе се разговара за ревидирање на методологијата за распределба на средствата на даноците и дотациите по општини, вели тој.

Во соопштението од Министерството за финансии се наведува дека како што информира министерот, планирано е постепено зголемување на процентот што го добиваат општините од приходите од персонален данок на доход, наплатен од физичките лица пријавени со постојано живеалиште и престојувалиште во општината. Исто така, постепено ќе се зголемува и стапката на дотација од наплатениот ДДВ, според перформансот на општините. Во оваа насока, планирано е формирање  „Фонд за перформанси“ и „Фонд за изедначување“.

-Општините коишто покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи ќе добијат средства од „Фондот за перформанси“, а од „Фондот за изедначување“ ќе се обезбедат средства за општините коишто имаат пониски приходи, но истите покажале фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи, вели тој и додава дека примената на „Фондот за перформанси“ треба да оди со внимателен процес на транзиција со поддршка од централните институции со цел зајакнување на локалните фискални институции во општините коишто значително потфрлуваат во оваа компонента, а не секогаш по нивна вина.

Ќе се дејствува и кон зголемување на сопствените приходи на општините преку подобрување на ефикасноста на администрацијата и кон изнаоѓање нови локални приходи според најдобрите практики од ЕУ за квалитет на услугите и подобрување на критериумите за распределба на доделените средства за пренесените надлежности во областа на основното и средното образование, културата, детската заштита и заштитата на стари лица и противпожарната заштита.

Во насока на зголемување на финансиската дисциплина на општините, намалување на долговите и домаќинско работење, се предвидуваат активности во насока на мерки за реално планирање на приходите и расходите на општините, рационализација во работењето и намалување на непотребните расходи, редовно сервисирање на обврските, поголема финансиска дисциплина, процедури за прогласување финансиска нестабилност и анализа на постојните обврски на општините и јавните претпријатија.

Како една од мерките за намалување на долговите на општините кон приватниот сектор, како што најавува министерот, се планира општините да можат да издаваат хартии од вредност.

Бесими потенцира дека ќе се зголеми и контролата од страна на државата, особено од страна на Финансиската инспекција во поглед на Законот за пријавување и евиденција на обврските и пријавите за непочитување на Законот за финансиска дисциплина, а ќе се носат и мерки за зголемување на транспарентноста на општините преку објавување на финансиските извештаи на транспарентен и разбирлив начин и ќе се дејствува во насока на поголема отчетност за користењето на буџетските средства.

Во координација со Работната група за продолжување на процесот на децентрализација, формирана од страна на Владата, во којашто учествуваат министерствата за политички систем, за финансии, за локална самоуправа и ЗЕЛС, наскоро ќе започне процесот на јавни консултации и расправа за процесот на унапредување на фискалната децентрализација.

извор: МИА

Next Post

Рингишпил на евтината демагогија

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk