ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Критинк: Сцената на заговор како сцена на злосторство

March 25, 2021 11:56
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Фото:  Michael Knoll   Pixabay и Anthony Crider

Фото: Michael Knoll Pixabay и Anthony Crider

Share on FacebookShare on Twitter

Светот на заговори е црно-бел бидејќи е полн со драстични контрасти и драматични противречности. Од нивните судири и спротивставености се подаваат долги сенки, кои се надвиснуваат над обичните животи, внесувајќи напната неизвеснот во исчекување на катаклизмички настани со уништувачко дејство врз поединците. Овие настани, сместени во епицентарот од навестуваниот потрес на системот, се плод на теории на заговори. Да ги погледнеме одблиску, загледувајќи се во „сцената на заговорот“ како своевидна „сцена на злосторот“ видена повторно низ „детективското око“ на верувачите во теориите на заговори, пишува Д-р Билјана Ѓонеска, научна соработничка, МАНУ, во новата анализа за Критинк.мк.

Секоја теорија на заговор се одликува со извесна сценичност.

Оваа изјава важи и за своевидните „скептици“ (кои имаат склоност да препознаваат и отфрлаат теории на заговори), но и за таканаречените „верувачи“ (кои имаат нагласена податливост кон теории на заговори). За првите, сценичноста произлегува од атмосферата на филмичност, полна со споменатата драмска претераност и театралност. Вторите, пак, верувајќи дека ништо не е онака како што изгледа, сценичноста ја доживуваат како инсценираност и кореографираност, каде сè е привидно, пресметано, однапред наместено и целосно оркестрирано. Значи, верувачите на теории на заговори, на сцената од заговорот ѝ приоѓаат како на сцена на злосторот.

Известување од „сцената на заговорот“

На оваа сцена со будно око се следат сите расфрлани „докази“ и се поврзуваат „навидум несврзани“ елементи, а потоа се сместуваат во еден поголем „систем на вредности“. Зашто теориите на заговори обично се одликуваат со една општа исповрзаност и преплетеност од настани и личности, но и вклопеност во други теории на заговори. За разлика од нив, вистинските заговори обично остануваат ограничени на одредени места и околности, претпоставки и личности.

Притоа, како „докази“ се третираат сите, па дури и спротивставените искази, т.е. оние тврдења што меѓусебно се поништуваат. Единствен услов е тие да поседуваат елементи на конспиративност. Пример, тврдењето дека смртта на принцезата Дијана е лажна и инсценирана, добива еднаков степен на важност и вистинитост, колку и тврдењето дека смртта на принцезата Дијана е вистинска, но нарачана и испланирана.

Освен општата слеаност, монолитност и тежнеење кон обединетост, некои теории на заговори создаваат и извесен ефект на огледало. Па така, тајното здружување и кодираното комуницирање спроведени со цел за идно наштетување, кои обично им се припишуваат на моќни групи или поедници, прераснуваат во начин на организација и дејствување за некои припадници на радикални движења и верувачи во опасни теории на заговори. Екстремните ставови, потсилени со конспиративните наративи, често произведуваат шеми на илегално поврзување и планирање. Ова е најсликовито прикажано низ примерот на QAnon, теорија на заговор, кон која се приклонуваат крајно десничарски движења, а која се заснова на верување дека светот го раководи мрежа од либерални сатанисти и педофили што тргува со бели робје (деца и жени), поткопувајќи  ја стабилноста на семејството како основен столб на американските вредности. Прво, оваа теорија се одликува со мистериозност и тајно здружување, зашто нејзините предводници и самите следбеници комуницираат под псевдоними, прекриени со анонимност и потполно непознати за јавноста. Второ, објавените и дискутирани пораки се одликуваат со енигматичност, двосмисленост или неодреденост, па наликуваат на шифрирани упатства. И за крај, оваа теорија навистина поттикна здружување заради наштетување, кое вроди со јануарскиот напад на Американскиот сенат, со човечки и материјални жртви кои се неспорни и реални.

„Детективскиот пристап“ на верувачите во заговори

Како сите самопрогласени „детективи“ и верувачите во теории на заговори се убедени дека се одликуваат со посебна проникливост, остроумност и обдареност да видат подалеку од другите, и подлабоко од површниот приказ на нештата. Во основа тоа е систем на уверување кој се темели на замена на тези и испревртени убедувања. Така, претераната скептичност е претставена како здрава доза на претпазливост и сомничавост. Но, за разлика од вообичаената, заговарачката сомничавост и недоверливост не е обдарена со аналитичност и не е водена од љубопитност да се дознае објективната вистина. Често, претераната скептичност е претставена и како слободоумност т.е. ослободеност од стегите и цензурите на општеството. И повторно, оваа декларирана слободоумност се коси со необичната отпорност кон нови видувања и конкретни докази, кои не одат во прилог на претпоставените тези. Напротив, секој обид за побивање и негирање на теориите на заговори, има спротивен ефект кај верувачите, бидејќи резултира со нивно потсилување и понатамошно утврдување. Конечниот резултат е некохерентен систем на верувања, заснован на тези кои меѓусебно се побиваат и исклучуваат, врски што логички не се градат ниту причински-последично надоврзуваат, и заклучоци што ниту логично се изведуваат ниту би требало да се очекуваат. Затоа е важно што ги истакнавме овие разлики меѓу конспиративното и конвенционалното размислување, како начин за брза ориентација и препознавање на заговорничките системи на убедување.

Next Post

Пладневен преглед: Според Јовановиќ, ВМРО-ДПМНЕ е компромитирана партија без никаков став, се интензивира бројот на самопопишани, масовната имунизација се очекува да почне во април

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk