ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МТСП вложи 5,3 милиони денари во Дневниот центар за лица со попреченост во Топанско поле

March 25, 2021 12:58
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворањето на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост од 14 до 26 години во Заводот за рехабилитација на деца и млади во населба Топанско Поле, при што истакна дека и во услови на пандемија Министерството за труд и социјална политика вложило 5,3 милиони денари за реконструкција на објектот.

– Тоа е целосно реконструиран објект согласно европските стандарди со една и единствена цел да пружа пријатни и современи услови за работа на лицата коишто доаѓаат тука на дневно ниво. Истовремено во Центарот работат професионални лица коишто изработуваат индивидуални планови согласно потребите на секој од корисниците на Дневниот центар, меѓутоа и заеднички активности за да може да се вложи во индивидуалниот максимален потенцијал на секој корисник посебно за да биде вклучен во општеството, нагласи Шахпаска.

Таа посочи дека продолжуваат да го имплементираат она што претставува дел од нивната Програма како Влада – инклузија на лицата со попреченост во секојдневниот општествен живот.

– Процесот на деинституционализација не значи само извлекување на корисниците во мали групни домови. Процесот на деинституционализација истовремено значи внесување односно приближување на социјалните услуги во заедницата. Заедно со нашите европски партнери работиме на еден план со којшто Заводот за рехабилитација во Топанско поле ќе го трансформираме во еден европски современ објект во којшто ќе постои една лепеза на социјални услуги за корисниците коишто ќе доаѓаат тука од Скопје, меѓутоа и пошироко. Ќе се претвори во Центар во којшто ќе се врши рана идентификација, рана интервенција, ќе се пружа лепеза на различни социјални услуги согласно потребите на корисниците за да можат активно да се вклучат во тековите на современиот живот, рече министерката за труд и социјална политика.

Шахпаска потенцираше дека МТСП вложува во таа категорија на граѓани исто како и за останатите.

– Меѓутоа, не помалку е значајна за успешност на овие проекти улогата на стручните работници коишто работат. Оттука, порачувам дека сите вработени коишто работеа во овие досегашни институции со понатамошно усовршување и квалификација ќе работат во тие дневни центри и останатите децентрализирани социјални услуги за да можат да излезат во пресрет на корисниците, посочи министерката.

Директорот на Заводот за рехабилитација на деца и млади, Скопје, Фатмир Ејупи наведе дека согласно трнсформацијата на установата и најновите акти на установата работата е организирана во неколку служби и оддели.

– Една од тие служби е и службата за дневно згрижување на корисници во рамките на кои работат три оддели. Оддел за дневен престој и индвидуален третман на корисници од 7 до 14 години, оддел за дневно згрижување на корисници од 14 до 26 години и оддел за днавно згрижување на корисници над 26 години, посочи Ејупи.

Тој наведе дека основна цел на социјалната услуга за днавно згрижување на младите лица со попреченост во рамки на одделот за днавно згрижување на корисници од 14 до 26 години е унапредување на квалитетот на животот на младите лица со попреченост, директна стручна помош за нивните семјества како и сензибилизација на заедницата заради разбирање, прифаќање, вреднување и создавање на еднакви можности за сите граѓани на локалната заедница.

– Капацитетот за давање на услуга за дневното згрижување е до 24 корисници. Тимот за работа со корисници се состои од двајца дефектолози, лекар, негувател и инструктор. Во моментов услугата ја користат девет корисници. Одделот работи од 7:00 до 17:00 часот по определен режим на ден. Стручната работа се реализира врз основа на изготвен план и програма за работа, изготвени согласно упатството од Заводот за социјална дејност, информираше директорот на Заводот за рехабилитација на деца и млади.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Дарко Лешоски му довери песна на ChatGPT – Kаква верзија му направи чатботот?

July 17, 2025

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk