ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обвинетите во случајот ,,Моќник” го отфрлија обвинението и се изјаснија за невини

March 25, 2021 11:25
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинетите во случајот ,,Моќник” не го прифаќат обвинението поднесно против нив и не се чуствуват виновни за кривичните дела кој им се стават на товар.

По опширно образложение во ова имаше еден од обвинетите Шпенд Винца, кој истакна дека се трудел да го разбере обвинителниот предлог, односно негова поврзаност со лица кои, како што рече, ниту ги знаел, ниту ги видел, ниту разговарал со нив.

– Ако има прислушувани разговори нека ги презентират ќе ги признам. Како може човек да влијае врз мене кога првпат го гледам во судница. Обвинителниот предлог го отфрлам во целост и не се чуствувам виновен, изјави обвинетиот Винца при неговото произнесување за вината.

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапници на обвинението се јавните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Според Обвинителството, прво и второобвинетиот се товарат дека сториле „измама“, третообвинетиот дека сторил „измама“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“. Со обвинителниот акт останатите 10 опфатени лица се товарат дека сториле „злоупотреба на службената положба и овластување“. Прво и второобвинети во случајот се Милош Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, а третообвинет е пратеникот Антонио Милошоски. Меѓу останатите обвинети се и Томе Аџиев, Јанаке Витановски, Новица Велјановски, Ѓорѓи Милошевски, Шпенд Винца, Агим Мехмети и Даут Даути.

– Во текот на 2011 година прво и второ обвинетиот заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на Општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157 квадратни метри со дворно место од 3.920 квадратни метри во село Ижишта, Општина Македонски Брод, која ја користела Општина Пласница, наведуваат од Обвинителство.

Со продажбата на овој објект, како што посочуваат од Обвинителство, обвинетите нанеле штета на Република Северна Македонија во значителна вредност од 1.795.800,00 денари и за продажбата на земјиштето нанеле штета на Општината Македонски Брод во значителна вредност од 1.176.000,00 денари.

Во описот на дејствијата што ги презел третообвинетиот, од обвинителство велат дека тој со „особен придонес кон делото“ директно искористувајќи ја својата позиција на пратеник, вршел континуиран притисок во органите на државната управа, Државното правобранителство и судовите за да не се поништи купопродажбата, со што овозможил да се реализира последицата од делото.

извор: МИА

Next Post

Џафери за денеска нема да свика друга седница, а за понудата на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека не прифаќа ултиматуми

НАЈНОВО

Политико: ЕУ на Црна Гора и Албанија им дала 10ка, за Македонија осумка, Украина и Молдавија со деветки, за Србија и БиХ 7ка за напредокот

November 4, 2025
Скриншот

Почина поранешниот американски потпретседател Дик Чејни

November 4, 2025
Скриншот

Кос: Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk