Втората најголема политичка партија нема никаква смисла, немаат никаков став. Таа е компромитирана“, смета политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ, зборувајќи во емисијата „24 анализа“, на темата блокирање на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и останатите опозициски партии.
Бројот на самопопишани во дијаспората вчера изнесуваше 137.114 лица, што претставува зголемување на вкупната бројка од 7.102 за само еден ден, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во Швајцарија се над 45.000, Германија 31.000, Италија 19.000, САД 5.100, Австралија 1.682 и Канада 1.215.
Зголемен бројот на приеми во болниците. Според министерот Венко Филипче, во средина сме на новиот, трет бран на вирусот, а масовната имунизација се очекува да почне во април, откако ќе стигнат поголемите количини вакцини од Русија и Кина.
Во Република Северна Македонија по речиси 19 години се спроведува најмасовната и најсложена операција согласно сите стандарди на Евростат и Обединетите нации, соопштуваат од СДСМ. Бојкотот на пописот е кривично дело. Крајно време е политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица да престанат да работат на штета на државата.
Заев најави дека денеска пред седницата за пратенички прашања ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери и со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да се разгледаат одредени можности што стојат на располагање за деблокирање на Парламентот.
ФРОНТ:
Зошто немам намера да се вакцинирам во Србија?!… Пред сè, си ја сакам и почитувам татковината! А здравјето, фала богу, го чувам секојдневно со протоколите! Од личен принцип и длабока поврзаност со македонското општество, и сите предизвици и проблеми низ кои минуваме, во Србија нема да се вакцинирам ниту јас, ниту ниеден член на моето семејство! Ниту во Бугарија, ниту во Грција, коментира Љупчо Зиков.
Рингишпил на евтината демагогија – пишува САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА
М. Миткоска





