ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието продолжи со работа, ја отвори 36. седница

March 25, 2021 14:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието по пауза од речиси два часа, продолжи со работа. Во тек е утврдување на дневниот ред на 36. седница.

Со 85 гласа „за“, без против и без воздржани пратениците го усвоија предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, за месеците февруари и март 2021 година.

Со 86 гласа „за“, без против и без воздржани Собранието го усвои Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, по скратена постапка.

Претходно, претседателот на Собранието Талат Џафери информира дека на Маргарита Цаца Николовска и завршува функцијата претседател на Советот за граѓански надзор, а Гордан Калајџиев поднесе оставка од функцијата член на Советот за граѓански надзор. Калајџиев има право да ја образложи оставката на седницата на Собранието, но не го стори тоа.

Да не се отвори седницата за пратенички прашања, туку 36-тата на чиј дневен ред се мерките од петиот економски антикризен пакет, предложи на седницата пред паузата претседателот на Собранието, Џафери. Ваквиот предлог Џафери го стави на гласање и доби поддршка од 53 пратеници. Притоа, никој во салата не гласаше против, ниту воздржано. По куса расправија, 36. седница почна, а потоа тој даде пауза од

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во ова препозна обид за, како што рече, замолчување на опозицијата и одржување криминална седница. Пред паузата Мицевски му предочи на Џафери дека прави преседан и дека сака да ја замолчи опозицијата.

-Да ми одговорите за циркузот што го правите во Собранието и да ми го цитирате членот врз основа на кој одлучивте да ја прекинете седницата за пратенички прашања. Зошто пред очите на јавноста се уште се занимавате со политиканство, а не го прифатите предлогот да се одржи 38. седница која би ја закажале по итна постапка денеска со четирите пакет мерки, да бидат изгласани и да го имате присуството на опозицијата? Предлогот беше, на паузата, по седницата, меѓу 14 и 15 часот, да ги изгласаме четирите закони, Но, сакате да ја замолчите опозицијата за скандалите кои се случуваат, рече Мицевски.

На тоа Џафери објасни дека 36. седница беше свикана на 9 март, а пратениците ги имале материјалите пред тоа.

Поддршка за почнување на 36-тата пред седницата за пратенички прашања пред паузата даде координаторот на СДСМ, Јован Митревски и повика и на разум.

-Одговорноста е на сите пратеници. Ако треба ќе се повлечеме и од поставување пратенички прашања.  Како Собрание сме должни час поскоро да им излеземе во пресрет на граѓаните и компаниите поради пандемијата. Седницата да им се помогне на граѓаните и фирмите, не е криминална седница. Жал ми е што опозицијата три дена покажува наводна загриженост, за денеска да каже дека за нив пратениките прашања се поважни од тоа што е помош за граѓаните. Оваа наводна грижа на опозицијата ќе се потрвдеше ако не ја напуштевме седницата кога се носеше Буџетот за 2021, истакна Митревски .

извор: МИА

Next Post

Општина Аеродром ќе добие трим-патека

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk