Каде плови овој брод на ВМРО-ДПМНЕ?!, прашува Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ. Во момент кога треба да ги разгледуваме и гласаме точките за поддршка на граѓаните во оваа КОВИД пандемија, пратениците на оппозицијата без грам чувство ја напуштија салата. Се извинувам почитувани граѓани што имаме болни пратеници, за жал дел и хоспотализирани и не сме во можност да ги изгласаме точките, пишува во објавата на Костадинов.
Во друга објава Костадинов напиша:
„Само со силен притисок почитувани граѓани ќе ги натераме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ барем дел од платата да си ја изработат. Дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се оградија од ставовите на Мицкоски и гласаа за точките од дневниот ред кои се однесуваат на поддршка кон граѓаните, за жал не сите…
Останува да видиме како ќе се однесуваат на комисијата за финансирање, која е клучна за конечно усвојување на пакетот мерки! Ми значи вашата поддршка, заедно ќе се бориме против оние кои прават се на ваша штета“.
Претходно, Костадинов ги повика ратениците да влезат во сала и да гласаат за антикризните мерки.





