„Имавме еден бран минатата година кога голем број протоколи беа донесени за почитување на мерките, од кои најважно се маски, негрупирање, дезинфекција. Многумина останаа да не веруваат дека има вирус. Имавме втор бран лани, есента, а сега имаме трет бран, насекаде. Но, сега имаме британски сој, имаме бразилски, чешки, норвешки и други соеви. Овој британски сој што го имаме од јануари наваму, веројатно и јас и мојата сопруга сме го имале. Не знаеме каде се заразивме, не контактиравме и за три дена ни се комплицираше состојбата. Инкубацијата е сега 3 до 5 дена. Клиничката слика може да се проимени нагло со наводум лесни симптоми, но брзо доаѓаат компликации, од главата, па невролошки испади, бели дробови, срцето, па оштетувања на црниот дроб, на крвните садови, значи мултисистемско зафаќање. Би го нарекол чудовиште затоа што не знаеш кога и како ќе ти се појави.“- изјави Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.
Објасни дека секој може да се зарази и дека не постои некој што може целосно да се заштити.
„Ние навидум изгледаме здрави, но никој не знае со сигурност какви му се виталните органи. Апсолутно дека заради бритианскиот сој имаме полесна трансмисија со потешки симптоми. И не е само кај нас, види те ја средна Европа и Балканот. Србија има над два милиона вакцинирани, но секој ден имаат илајдници нови заразени.“- дополни Караџовски.