„Имавме осмомартовски забави со непочитување мерки, сите видовме многу фотографии од многу прослави. Имавме перидов летни одмори на многумина, луѓето патуваат во далечни државиу како да нема вирус, ама сите тие се враќаат назад, и може да ни донесат сешто. Секој одговара за себе, не е добро да се патува во моментов, исто како што не е добро да се групираме. Едноставни се мерките, носете маска, држете дистанца, правете дезинфекција на раце и многу важно, не се групирајте.“- порача претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, во „Само интервју“ на Канал 5.
„Ние навидум изгледаме здрави, но никој не знае со сигурност какви му се виталните органи. Апсолутно дека заради бритианскиот сој имаме полесна трансмисија со потешки симптоми. И не е само кај нас, видите ја средна Европа и Балканот. Србија има над два милиона вакцинирани, но секој ден имаат илајдници нови заразени. И кај нас сега младите се доминатни, оние со 20 или со 30 години, они одат надвор, излегуваат заедно, се дружат и го пренесуваат. Они може и полесно ќе го поминат, некогаш и без симптоми, но го носат вирусот дома, кај родителите, кај постарите. Се полнат клиниките со британски сој, помладите се заразуваат, а тие го пренесуваат на возрасните кои завршуваат во болница, а некогаш и со фатални последици.“- предупреди Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести и им порача на младите да ги почитуваат мерките, особено да не се групираат.