ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски – Бурк: Северна Македонија е доверлив и стратешки сојузник на НАТО

March 26, 2021 15:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими командантот на сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк, кој е во работна посета на земјава по повод одбележувањето на годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и затворањето на НАТО канцеларијата за врски.

На средбата беше изразено задоволство од исклучително високото ниво на односи меѓу Република Северна Македонија и Алијансата и беа разменети мислења и информации за соработката на Република Северна Македонија со Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол.

Претседателот Пендаровски ја поздрави поддршката што Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол ја дава за успешно завршување на процесот на нашето воено интегрирање во Алијансата.

-Одржувањето на безбедноста, стабилноста и просперитетот на нашиот регион претставува колективен интерес на сите. Република Северна Македонија е подготвена да продолжи со реформите во одбраната и модернизација на Армијата согласно сите НАТО стандарди кои истовремено овозможуваат државата да ги проектира и заштити своите витални национални интереси и да ја зајакне својата геополитичка и гоестратегиска положба, истакна претседателот Пендаровски на средбата, додавајќи дека нашата земја во континуитет покажува дека е доверлив и стратешки партнер и сојузник на Алијансата.

Во таа насока, претседателот истакна дека Република Северна Македонија и во иднина ќе продолжи активно да учествува во мисијата на КФОР во Република Косово, која е под директна команда на Неапол,  и да обезбедува логистичка и медицинска поддршка на Алијансата, односно на НАТО предводената операција на Косово, каде е предвидено и зголемување на бројот на македонските припадници.

Соговорниците дискутираа за можностите за продлабочување на регионалната соработка и учество во регионалните НАТО инцијативи и партнерства, кои би ја зајакнале стабилноста во регионот и во кои би можеле да го пласираме нашето искуство како нова земја членка на НАТО. Во таа насока, беа разгледани можностите за проширување на учеството на Република Северна Македонија во меѓународните мировни мисии предводени од Алијансата.

Сојузничката команда на здружените сили  на НАТО во Неапол (JFCNP) е една од најважните команди во воената структура на НАТО чија цел е да подготвува, планира и спроведува воени операции за зачувување на мирот, безбедноста и територијалниот интегритет на земјите членки на Алијансата.

извор: МИА

Next Post

Адмирал Бурк: Разгледуваме неколку опции за да се олесни процесот за обезбедување вакцини

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk