ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжен карантинот во Грција, Владата воведува „self testing“

March 26, 2021 18:52
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелните рестрикции во Грција, односно карантинот, полицискиот час и посебните мерки за црвената и темноцрвената зона, продолжени се за уште една седмица, односно до 5 април, како што беше попладнево соопштено на редовната прес-конференција за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас рече дека кон средината на следната седмица надлежната комисија на епидемиолози ќе ја разгледа можноста за отворање на малопродажбата, училиштата, како и да се дозволи движење на граѓаните од една во друга општина.

Важно „оружје“ во отворањето на активностите, како што рекоа и Хардаљас и алтернативниот министер за здравство на Грција, Василис Кондозаманис, ќе биде можноста граѓаните сами, во нивните домови да се тестираат, односно преку т.н. „self testing“.

Кондозаманис, на денешната прес-конференцијата објасни дека од почетокот на април, тестовите бесплатно ќе бидат достапни за граѓаните преку аптеките, по еден тест седмично во период од два месеца, а во првата фаза се разгледува можноста приоритет да имаат лицата до 67 години, односно економски активните граѓани.

Во случај на позитивен резултат, ќе треба да се пријави на специјална платформа и ќе се прави дополнителен тест за проверка, додека пак во следниот период ќе има детални протоколи за начинот на употреба.

Алтернативниот министер за здравство на Грција рече дека за постепено отпочнување на економската активност во земјата, вработените во поморството, малопродажбата, во големите компании, во туризмот, во угостителството и судството, задолжително ќе треба да прават брзи тестови еднаш седмично.

Паралелно, Владата, според Кондозаманис, ќе донесе законска одредба за задолжителна употреба на „self testing“, еднаш седмично за просветните работници и учениците, за безбедно отворање на училиштата.

За останатите граѓани, тестовите за домашна употреба нема да бидат задолжителни.

Новиот вид тестови, во комбинација со процесот на имунизација според грчката Влада ќе овозможат полесно отворање на земјата.

Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин и со воведен полициски час, со исклучок на мали временски периоди кога постоеше олабавување на мерки, додека пак областа Атика, поширокиот регион на Атина во строг карантин е од 11 февруари.

Од минатиот викенд полициски час во целата земја е од 21 наместо од 19 часот, а во понеделникот се отворија археолошките локалитети и фризерските и козметичките салони. /МИА/

Next Post

„Porsche“ и оваа година ќе им исплати бонус од соништата на сите 36.000 работници

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk