ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев очекува дека вакцинацијата ќе биде масовно прифатена од граѓаните

March 26, 2021 11:07
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев очекува вакцинацијата да биде масовно прифатена од граѓаните, бидејќи, како што рече, тоа е единствениот начин да се стави крај на пандемијата. Вакцините се безбедни, вели премиерот, а тоа се покажало од искуствата од досега спроведената имунизација во другите земји.

-Очекувам масовно прифаќање на вакцините во РС Македонија. Има една предност што сме, така да кажам земја со задоцнување со вакцинацијата. Земјите членки на ЕУ почнаа пред нас и можевме да согледаме предности и слабости, по што може да извлечеме единствена констатација дека вакцините се здрави и оти дека треба да ги користиме сите, рече премиерот.

Како што нагласи, ако се вакцинираме што побрзо, толку поскоро ќе ја победиме пандемијата што го смени животот во целиот свет и нашата земја.

-Информацијата дека во недела ќе пристигнат 24 илјади дози вакцини преку Ковакс системот ја знаевме уште пред два три дена, но, синоќа на министерот Филипче му беше потврдено и тој ја објави информацијата. Со оваа пратка може да почне првиот чекор на масовна имунизација на државата, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по увидот на отпочнувањето на изградба на Градски пазар во Делчево.

Тој најави дека деновиве ќе стасаат и други колични вакцини по други механизми.

-Не би сакал да соопштувам детали, но на таков начин ќе се овозможи комплетно рамноправно покривање на теренот секаде во РС Македонија за да можат сите приоритетни групи така како што се дефинирани да влезат во процесот на вакцинација, рече премиерот.

Заев верува дека ќе биде испочитуван редоследот кој е даден од здравстената комисија, а тоа се покрај здравствените работници, да се вакцинираат и повозрасните, хронично болните…

-Тука се и приоритетите на попишувачите кои треба да тргнат во спроведување на пописот, секако треба да водиме грижа за нашата полиција, нашата војска и понатаму согласно она што значи препорака на здравствените комисии, да го следиме тој процес и да бидеме одговорни граѓани. Само на тој начин ќе ја спречиме заразата да продлжи да се шири и да ја победиме пандемијата, нагласи премиерот Заев.

Тој апелираше граѓаните да продолжат да ги следат мерките и препораките за заштита од коронавирусот и покрај почнувањето на масовната имунизација.

-Граѓаните да внимаваат да ги почитуваат мерките, да не се олабавиме. Иако вацинацијата ќе почне ние ќе мораме уште долг период, уште многу месеци да носиме маски да држиме дистанца, како и да ги почитуваме мерките и препораките на Комисијата за заразни болести, потенцира Заев.

извор: МИА

Next Post

Јовановиќ: Апасиев е паризит и штетник, неговата активност е само со една цел - да го подрива системот однатре

НАЈНОВО

Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус му врачи отказ на Тудор

October 27, 2025

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, некои портали креираат сензација

October 27, 2025

Европската Комисија објави конкурс од 13,8 милиони евра за прекугранична новинарска соработка и медиумски плурализам

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk