ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Со членството во НАТО на наредните генерации им се оставаме стабилна, безбедна и просперитетна држава

March 27, 2021 11:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На овој ден минатата година Република Северна Македонија стана 30 полноправна членка на НАТО и со тоа се исполни една од најважните стратешки цели на државата, која што не само што ја смени позицијата на државата на меѓународната политичка и безбедносна арена, туку ја смени и регионалната политичка и безбедносна динамика, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– И сите ние и граѓаните треба да бидат горди затоа што оваа генерација овозможи на наредните генерации да им се остави во наследство, стабилна, безбедна и просперитетна држава. Но, исто така вчера одебележавме уште еден јубилеј, а тоа е 20 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, што ни укажува дека ни претстои уште една стратешка цел која што треба да ја исполниме, а тоа е членството во ЕУ, истакна Османи на прес-конференција по тематскиот работен состанок со шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претсавништва акредитирани во земјите членки на ЕУ и постојаните претставништва во Унијата и НАТО.

Тој нагласи дека токму и затоа денеска ги повикал нашите амбасадори, односно шефовите на дипломатско конзуларните претставништва од земјите членки на ЕУ за да разговараат за две прашања – за НАТО, но и за почетокот на преговорите за членство со Унијата.

– Пред нас претстои еден сериозен прозорец на можност за да се надминат сите пречки коишто го попречувааат влегувањето во втората и последната фаза од процесот на членство во ЕУ, а тоа е почетокот на преговорите. Треба да ги слушнеме ставовивте на нашите амбасадори во сите земји членки, за да се подготвиме за една сериозна дипломатска офанзива која што ќе овозможи постигнување на консензус на 27-те земји членки за почеток на преговорите и за усвојување на текстот за преговарчаката рамка со основната порака дека Ррепублика Северна Македонија испорача, а сега е на ред да испорача ЕУ, додаде Османи

Шефот на дипломатијата нагаласи дека на состанокот се разговарало за јасните насоки за активностите во следните два-три месеца, кои како што рече, се важни со цел да се консезус во ЕУ во пресрет на самитетте на Унијата.

Османи додаде дека амбасадорите ќе имаат можност да разговараат и со претседателот на државата Стево Пендаровски, со премеирот Зоран Заев и со вицепремието за европски прашања Никола Димитров.

– Мислам дека ова е важна активност која што ќе внесе нова енергија, нова динамика во нашата дипломатска активнсот, со цел да се искористи оваа можност и да ги почнеме преговорите во јуни, додаде Османи.

извор: МИА

Next Post

МЗ: Здравствените работници прават натчовечки напори за грижа на пациентите, граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk