ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

МЗ: Здравствените работници прават натчовечки напори за грижа на пациентите, граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките

March 27, 2021 11:36
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче денеска одржа координација со директорите на ковид центрите во Скопје на која се разговараше за моменталната состојба со капацитетите во клиниките и ГОБ 8 Септември, состојбата на пациентите и ротациите на медицинскиот персонал.

Како што се наведува во денешното соопштение од Министерството за здравство, Филипче секојдневно заедно со директорите го менаџираат здравствениот систем и покрај зголемениот број на хоспитализации се отвораат дополнителни капацитети за згрижување на ковид пациенти.

– Здравствениот систем деновиве се соочува со најголемиот предизвик до сега, состојбата во болниците е алармантна, но и покрај тоа со секојдневни напори се оспособуваат нови оддели за хоспитализација на ковид пациенти. Во исто време болниците се отворени и за болни кои имаат итни здравствени проблеми и им е потребна брза лекарска интервенција, за хронични пациенти чија состојба се влошила, за прегледи на болни кои мораат да ја контролираат редовно здрвствената состојба. Вработените во болниците дават натчовечки напори за да ги згрижат сите пациенти, се наведува во соопштениет од МЗ.

Здравствениот систем, се подвлекува, го работи она што никогаш не го работел до сега, соочен со напливот на пациенти со тешка клиничка слика, болни кои имаат потреба од лекарска помош чиј број од час во час се зголемува.

Министерот Филипче, заедно со директорите на болниците, лекарите и медицинскиот персонал, наведуваат во соопштението од МЗ, прават се што е во нивна моќ за пацинетите да добијат најдобра можна нега.

Од Министерството за здравство апелираат до сите граѓани, да бидат исклучително одговорни овој период, бидејќи штитејќи се себе си го штитат и здравјето на другите. Се апелира посебно младите да не се групираат и задолжително сите граѓани да ги почитуваат јавно здравствени мерки – носење  на заштитна маска, одржување на физичка дистанца и хигиена.

извор: МИА

Next Post

Џафери: Раката на поддршка и пријателство што ја пружија земјите членки на НАТО, нашите сојузници, беше од огромна корист за нашиот здравствен систем и справувањето со последиците од пандемиската криза

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk