Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска ја поздрави испораката на вакцини против Ковид-19 во Северна Македонија и Црна Гора преку програмата Ковакс.
„ЕУ е меѓу оние кои најмногу придонесуваат за Ковакс и е солидарна со своите партнери за да се обезбеди вакцините да стигнат до сите. Ќе излеземе заедно од пандемијата”, напиша Вархеји на својот профил на Твитер.
Во Црна Гора и Северна Македонија, преку програмата Ковакс, денеска пристигнаа по 24.000 дози на вакцината АстраЗенека.
ЕУ во својата порака на Твитер истакна дека поддршката на Унијата за програмата Ковакс помага да се осигура дека безбедните вакцини ќе стигнат до сите подеднакво.
извор: МИА